02.19.2013 |
Анкета
Медиумите и реалноста: пријатели или две страни на светот
(се разликуваат ли реалноста и медиумските стории?)
Со цел оспособување на учениците да бидат одговорни корисници и креативни создавачи на медиумски продукти на почетокот на проектот „Медиумите и реалноста – сојузници или противници“ беше спроведена анкета на репрезентативен примерок од ученици кои на доброволна основа беа мобилизирани за учество во проект во чија основа лежи вклученоста на учениците. Преку анализата на анкетниот прашалник беше констатирано дека најголем дел од учениците имаат сознанија за активностите на АЦЕС Академијата како резултат на претходните искуства на нашето училиште и се искажаа дека тие би сакале да бидат дел од проект поддржан од оваа организација.
|
Повеќе...
|
02.06.2013 |
Предмет : Известување
Почитувани,
Согласно постапката за регистрација на возила Би сакале да ве известиме за следново.
|
Повеќе...
|
|
10.18.2012 |
Постојат голем број анализи за влијанието на РЕК „Битола“ врз животната средина, кои докажуваат дека ги нарушува основните биолошки параметри во еколошкиот систем.
Енергијата е главен извор за основната човекова егзистенција и има главно место во економскиот и во социјалниот развој, како и за подобрување на квалитетот на живеење. Таа претставува основен извор на емисија на штетни материи. Најголем производител на електрична енергија во Република Македонија е РЕК „Битола“ и претставува столб на електроенергетскиот систем во нашата земја.
|
Повеќе...
|
10.28.2011 |
Tехничка служба е правно лице овластено од министерот за економија на предлог на органот за одобрување согласно одредбите на Законот за возила и прописите донесени врз основа на Законот за возила, со својство на испитна лабораторија за спроведување на испитувањата, или со својство на тело за оцена на сообразност за почетни проценки и испитувања и/или за инспекција.
Техничките служби покрај другите работи вршат или контролираат испитувања и/или инспекции потребни за единечно одобрување на возило за кое типот не е одобрен во согласност со хармонизираните прописи за ЕУ одобрување на тип, ниту постои одобрение на типот во Република Македонија, а за кое се исполнети барањата согласно одредбите на Законот за возила и прописите донесени врз негова основа.
Техничката служба на АСУЦ Боро Петрушевски е овластена за :
- Единечно одобрување на возило од категориите L, M, N, О, T, R, S и C ,
- Oдобрување на преправено возило во кое дополнително е вграден: - уред за погон на возилото на течен нафтен гас и компримиран земјен гас (ТНГ и КЗГ),
- Заштитни фолии или обоени стакла; - механички уред за спојување на моторните и приклучните возила (кука),
- Инспекција аналогни и дигитални тахографи ,
- Идентификација и оценка на техничка состојба на возило од категориите L, M, N, О, T, R,S и C и на мобилни машини.
|
|
10.18.2012 |
Проектот на МОН „Интеграција на еколошката едукација во образованието“ во АСУЦ „Боро Петрушевски“ започна да се реализира во учебната 2011/2012 година. Како дел од овој проект започнавме да планираме и реализираме активности од Екологијата со крајна цел да конкурираме за добивање на зелено знаме во Септември 2012. Активностите ги креиравме според станадрдите за Еко училиште доделени од невладината организација ОХО и МОН. Нашето училиште и пред да биде дел од овој проект од областа на Екологијата спроведуваше различни активности со учениците.
|
Повеќе...
|
|
|
|
Page 8 of 8 |