Почетна Category Blog Реализиран проект за мобилност на ученици и наставници во рамките на Еразмус + програмата
Реализиран проект за мобилност на ученици и наставници во рамките на Еразмус + програмата PDF Print E-mail
Written by Administrator   
09.13.2021

Реализиран проект за мобилност на ученици и наставници во рамките на Еразмус + програмата

”Мехатрониката како основа за унапредување на перформансите и квалитетот на модерните моторни возила“

 

 

АСУЦ „Боро Петрушевски“ на Град Скопје, континуирано ја продолжува  соработката со  Европски партнерски оганизации , во рамките на проектите од Еразмус + програмата.

Оваа година во рамките на проектот ”Мехатрониката како основа за унапредување на перформансите и квалитетот на модерните моторни возила“ (Mechatronics as base for improvement of performance and quality of modern motor vehicles) со проектен  коден број  2020-1-МК01-КА116-077483, 16 ученици  реализираа практична настава во современи сервиси за моторни возила во Брага, Португалија, а 7 наставници  учествуваа во размена на искуства и занења (job shadowing), во соработка со партнерска организација Брага моб. од Португалија.

 

Пред реализирање на мобилноста во странство, претходеше период на подготовка на учениците (јазична и стручна), со цел учениците да можат поуспешно да се вклучат во работниот процес и, воедно, да ги оправдаат целите на проектот.

Во сервисите за возила, учениците, реализираа комплетен сервис на најсовремени возила, користеа современ алат, го увидоа начинот на организација на работниот процес и сл, а наставниците разменија искуства во однос на поврзаноста на теоретската со практичната обука, начинот на организација на практичната настава во сервисите за возила и, воедно, разменија стручна литература и друга документација со цел поуспешно евидентирање на постигнатите резултати на учениците во текот на годината.

Освен од стручен аспект, бенефитите од проектот се големи и во однос на можноста учениците да запознаат нова култура, да посетат дел од културните знаменитости на Португалија , дружење со учениците од други европски училишта и сл.

Реализацијата и на овој проект, како и сите претходни од програмата Еразмус+, придонесува за зголемена професионалност на учесниците во проектот, што придонесува сервисите за возила да се здобијат со висококвалификувана работна сила.

 

Last Updated on 06.30.2022