Почетна Техничка служба
Техничка служба PDF Print E-mail
10.28.2011

Tехничка служба е правно лице овластено од министерот за економија на предлог на органот за одобрување согласно одредбите на Законот за возила и прописите донесени врз основа на Законот за возила, со својство на испитна лабораторија за спроведување на испитувањата, или со својство на тело за оцена на сообразност за почетни проценки и испитувања и/или за инспекција.

Техничките служби покрај другите работи вршат или контролираат испитувања и/или инспекции потребни за единечно одобрување на возило за кое типот не е одобрен во согласност со хармонизираните прописи за ЕУ одобрување на тип, ниту постои одобрение на типот во Република Македонија, а за кое се исполнети барањата согласно одредбите на Законот за возила и прописите донесени врз негова основа.

Техничката  служба на АСУЦ Боро Петрушевски е овластена за :

  • Единечно одобрување на возило од категориите L, M, N, О, T, R, S и C ,
  • Oдобрување на преправено возило во кое дополнително е вграден: - уред за погон на возилото на течен нафтен гас и компримиран земјен гас (ТНГ и КЗГ),
  • Заштитни фолии или обоени стакла; - механички уред за спојување на моторните и приклучните возила (кука),
  • Инспекција аналогни и дигитални тахографи ,
  • Идентификација и оценка на техничка состојба на возило од категориите L, M, N, О, T, R,S и C и на мобилни машини.