Почетна Техничка служба
Техничка служба PDF Print E-mail
10.28.2011

Tехничка служба е правно лице овластено од министерот за економија на предлог на органот за одобрување согласно одредбите на Законот за возила и прописите донесени врз основа на Законот за возила, со својство на испитна лабораторија за спроведување на испитувањата, или со својство на тело за оцена на сообразност за почетни проценки и испитувања и/или за инспекција.

Техничките служби покрај другите работи вршат или контролираат испитувања и/или инспекции потребни за единечно одобрување на возило за кое типот не е одобрен во согласност со хармонизираните прописи за ЕУ одобрување на тип, ниту постои одобрение на типот во Република Македонија, а за кое се исполнети барањата согласно одредбите на Законот за возила и прописите донесени врз негова основа.

Техничката служба се овластува за вршење особено на следниве работи:
• испитувања, проверки и сертификациони активности поврзани со постапката за одобрување на тип на возило,
• испитувања, проверки и сертификациони активности поврзани со постапката за одобрување на тип на систем, составен дел, самостојни технички единици и опрема,
• утврдување на исполнетоста на техничките барања во постапката за единечно одобрување на возило согласно со барањата пропишани со законот за возила и прописите донесени врз основа на овој закон,
• утврдување на исполнетоста на техничките барања во постапката за единечно одобрување на возило согласно со барањата пропишани во законот за возила, и
• одобрување на преправани и поправани возила и евиденција на промените согласно законот за возила.