10.28.2011 |
Во самиот круг на школото е и АВТОСЕРВИСОТ-РАБОТИЛНИЦА за поправка на возила и освен што е во функција за практичната настава за учениците, отворена е и за надворешни лица. Современата опрема за поправка на возила, комора за фарбање на возила и современите уреди за дијагностицирање на грешки кај новите возила како и добро обучените мајстори се грижат за вас и за вашето возило секој работен ден од 7 – 19 часот. Во самата работилница има и магацин со резервни делови на возила каде може да се набават делови за поправка на вашето возило по екстра поволни цени. Како поволност ја истакнуваме и евтината работната рака за поправка на вашето возило.
|