Според “Законот за безбедност и здравје при работа”, (Сл.весник на Р.М., бр. 92/07), сите претпријатија и установи, имаат обврска да имаат проценки на ризик на работните места и вработените да имаат потврда за реализирана обука за заштита при работа.
АСУЦ Боро Петрушевски има долга традиција од 65 години во стручното образование и во давањето на сите услуги поврзани со моторните возила.
За вршење на услугите од областа на Безбедност и здравје при работа, АСУЦ Боро Петрушевски – Скопје, поседува РЕШЕНИЕ ЗА ВРШЕЊЕ НА СТРУЧНИ РАБОТИ бр. 07-4684/4 од 08.08.2011, од страна на Министерството за труд и социјална политика и е ЛИЦЕНЦИРАНА УСТАНОВА за вршење на следниве стручни работи од областа на БЗР:
Исто така организира услуги за: редовно тестирање и контрола на опремата за работа, периодични мерења на хемиски штетности и периодични мерења на физички штетности. Тимот на стручни лиза за БЗР е броен и високостручен, со долгогодишно работно искуство од обласа на БЗР, а цените се најповолни во Републиката и се одредуваат според обемот на работата
За сите корисници на услугите за БЗР, АСУЦ нуди специјални бенифити: -попуст за регистрирање на моторно возило во Станицата за технички преглед -најефтини обуки за возачи од А и Б категорија -попусти за постсредно специјалистичко образование(контролори во СТП и инструктори) -стручни обуки за возачи во меѓународен транспорт и АДР возачи -најповолна цена за хомологација на купени возила од странство -попуст за поправки и сервисирање на возила како и голем број бесплатни помали исправки во моторните возила Во АСУЦ , можете да добиете најпрофесионални и најбрзи усуги. Опис на услуги:
I. ПРОЦЕНКА НА РИЗИК И КОНЦЕПТ НА ИЗЈАВА ЗА БЕЗБЕДНОСТ
►Општи податоци за работодавачот ►Назив на работните места и бројот на извршители на кои се однесува проценката на ризик ►Опис на технолошкиот процес, работната средина, средствата за работа, средствата и опремата за лична заштита при работа ►Опис на организацијата за работа ►Испитување на постоечката состојба за безбедност и здравје при работа ►Препознавање и утврдување на опасности и штетности на работно место и во работната средина ►Општа листа за проверка ►Проценка на ризик по работно место ►Изјава за безбедност при работа ►Заклучок ►Список на работни места за кои е извршена проценка на ризик ►Список на работни места за кои е утврдено дека се работни места со зголемен ризик за здравјето на вработените ►Приоритети во отстранување на ризикот и План за реализација на приоритетите ►Изјава од страна на работодавачот со која се обврзува да ги примени сите утврдени мерки за безбедност и здравје при работа на работните места согласно проценката на ризик
II. ОБУКА НА ВРАБОТЕНИТЕ ЗА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА
Стручните лица од АСУЦ Боро Петрушевски, при реализацијата на услугата “Обука за безбедност и здравје при работа”, ги дефинира следните активности:
►Изготвување на програма за обука ►Реализирање на обуки за вработените ►Проверка на знаењето преку соодветно тестирање ►Доставување на сертификати за лицата што го положиле испитот за безбедност и здравје при работа
III. Вршење на периодични мерења на физички штетности и микроклиматски испитувања во работната средина
АСУЦ Боро Петрушевски по РЕШЕНИЕ Бр. 07-4862/4, од 2.11.2011 год., е овластена установа за вршење на следниве мерења: ► влага, струење на воздух ► осветленост ► бучава
Се надеваме дека има доволно причини за да започнеме соработка!
Ве очекуваме!
|