Почетна Образовна дејност
Образовна дејност PDF Print E-mail
12.09.2011

Автосообраќајниот училишен центар “Боро Петрушевски”, е модерен, современ, единствен и уникатен центар за образование на кадри од областа на патниот сообраќај во Република Македонија. Во склоп на центарот има низа објекти во кои се остварува основната воспитно – образовна дејност, како и други дополнителни дејности. Основната дејност на АСУЦ “Боро Петрушевски”, е образование на кадри од областа на сообраќајната, машинската и автотехничката струка, по пат на редовно и вонредно школување на македонски и албански наставен јазик. Исто така, училиштето нуди можност за стекнување повеќе видови образование за возрасни:
•специјализации од областа на патниот сообраќај и одржување на моторните возила
•обуки и курсеви за стекнување компетенции и лиценци за вршење на дејноста во областа на патниот сообраќај и одржувањето на моторните возила

Покрај образовната, училиштето остварува и споредни дејности:

•Станица за технички преглед и регистрација на моторни возила
•Центар за хомологација на моторни возила
•Автосервис
•Авто - полигон
•Автоперална


Благодарејќи на добриот менаџмент и трпеливо и мудро раководење на раководните структури во  училиштето, се придонесе да училиштето се осовремени и се насочува кон превземање на приматот на Регионален центар за обука на стручни кадри од областа на сообраќајот, машинството и автотехниката во Македонија и пошироко, што претставува реална и природна последица на подолгиот развоен процес и постигнатите резултати.

АСУЦ Боро Петрушевски е јавна установа која врши воспитно-образовна дејност. Со својот кадровски потенцијал, искуство, просторна и материјално-техничка опременост е во состојба да ги врши следните работи:

• Реализира наставни планови и програми со што образува кадар од областа на патниот сообраќај по пат на редовно и вонредно школување
• Организира и реализира континуирана обука и семинари за занимањата возач-инструктор и контролор во станицата за технички преглед на моторни возила, патно-сообраќаен оператор, автомеханичар специјалист, автолимар специјалист.
• Издава наставни помагала и друг вид литература за учениците, односно за корисниците на услугите
• Дава услуги на клиенти во сопствениот автосервис, автошколата, автоперална, станицата за технички преглед на оторни возила и центарот за хомологација.
• Врши продажба на половни моторни возила.

 

Суштината на логистичките услуги што ги дава училиштето е во обезбедување подобри услови за остварување на oсновната дејност, а тоа значи:

• Задоволство на вработените од условите за работа, заработувачката и односот на средината кон сработеното
• Задоволство на корисниците од односот што кон нив го манифестира училиштето.
Мото на училиштето е Секогаш може подобро... што во суштина значи постојана тенденција за следење на модерните трендови и качување скалило погоре во секој сегмент на училишниот живот и работа.

Визија за училиштето

Визијата за училиштето, која е дефинирана како резултат на извршената анализа на состојбите и изготвената стратегија за развој на училиштето гласи:
„Добро организирана, кадровски екипирана, материјално-технички и просторно опремена воспитно-образовна установа, со зајакнат домашен кредибилитет, во која квалитетно ќе се образува кадар за претпријатијата од областа на патниот сообраќај; многу ќе се работи и доста ќе се заработува“.

Глобална стратегија

За целосно оживотворување на таквата визија постојано се работи на усовршување на решенијата за клучните проблеми од стратегијата ан училиштето, кои би можеле да го попречат брзиот развој на училиштето во наредниот период, и тоа:
• Се усовршува тимското работење, се формираат и развиваат тимовите за истражување, обука, развој и маркетинг
• Се бара трајно решение за фискултурна сала и постојано се опремува училишниот простор
• Се интензивира домашната и меѓународната соработка со училишта слични на нашето, како и со претпријатија со кои училиштето има аеднички интереси
• Се усовршува системот на информации и комуникации - интранет во училиштето
• Се усогласуваат и изготвуваат нормативни акти. Посебно се трага по решенија за спорните критериуми за наградување.

Целосната реализација на сето тоа треба да резултира со:

Од функционален аспект:

• Повисок квалитет во задоволувaњето на потребите на постојните корисници на училиштето.

Од организациски аспект:

• Усовршување на раководењето, стекнување нови сознанија и искуства
• Прилагодување на организациската структура кон новите потреби
• Развивање позитивна клима, која ќе делува стимулативно за постигнувања на професионален и материјален план
• Јакнење на врските со корисниците и средината.

Од аспект на дејноста:

• Унапредување на стандардите и критериумите што важат во рамките на дејноста во Република Mакедонија и нивно усогласување со оние кои важат во земјите членки на ЕУ
• Понатамошна афирмација на дејноста на училиштето, како битен чинител во остварувањето на развојот на Република Македонија.

Работејќи на ваков начин, по тој пат и тие насоки ќе ја оживотвориме визијата за училиштето.