Ballina Category Blog Медиумите и реалноста
Медиумите и реалноста pdf Shtyp Email
nga Administrator   
E martë, 19 Shkurt 2013 13:04
Страната е во изработка

 

Во оваа фаза од проектот можеме да потврдиме дека дадените податоци од анализата се објективни како резултат на учеството,вољата и ентузијазмот кои учениците континуирано ги покажуваат.

ИСТРАЖУВАЊЕ

МОДЕРНИТЕ НАСПРОТИ

ТРАДИЦИОНАЛНИТЕ МЕДИУМИ


Анализата од истражувањето на традиционалните наспроти модерните медиуми беше спроведено со цел анализа на размислувањата и ставовите кај учениците, наставниците и родителите околу позитивните и негативните аспекти на модерните и традиционалните медиуми, во трите партнерски училишта. Истражувањето беше спроведено на репрезентативен примерок од 50 ученици, 10 наставници и 10 родители, на различни: возраст, пол, социјална, професионална, етничка и религиска припадност. Од анализата произлегоа општи заклучоци околу пристапот и ставот на учениците, родителите и наставниците кон модерните и традиционалните медиуми.

Учениците од трите училишта имаат речиси еднакви размислувања во однос на традиционалните и модерните медиуми. Учениците сметаат дека медиумите можат да се поделат на традиционални и на модерни.

Од анализата на ставовите на учениците можеме да забележиме дека најголем дел од нив се корисници на модерни медиуми како што се интернетот и телевизијата, при што дел од нив чувствуваат и „зависност“ од истите. Во најголем број случаи учениците ги толкуваат позитивните аспекти на модерните медиуми, а многу малку можат да определат позитивни аспекти на традиционалните медиуми.

Со истражувањето беа опфатени и родителите како важни актери во образовниот процес, посебно како луѓе кои имаат големо влијание врз креирањето на ставовите на младите. Целта поради која родителите беа вклучени во ова истражување е можноста од споредба на резултатите во однос на учениците.

 

Од анализата на анкетните прашалници спроведени врз родителите како испитаници, можеме да забележиме поинакви ставови во однос на ставовите на учениците. Ваквите разлики се очекувани во голема мера, но сепак разликите во ставовите не зависат само од возраста туку и од социјалната и професионална структура на возрасните испитаници. Во овој случај, најголем дел од оваа категорија луѓе не чувствуваат „зависност“ од медиумите, тие најчесто ги добиваат информациите преку телевизијата и истата ја определуваат како модерен медиум. Забележливо е дека оваа група испитаници многу ретко користат интернет и тука се забележува најголемата разлика помеѓу родителите и учениците како испитаници. Ова може да претставува и јаз во комуникацијата и начинот на разбирање меѓу овие две категории луѓе.

Со истражувањето беа опфатени и наставници, психолог, социолог и педагог. Од анализата може да се забележи дека наставниците за разлика од родителите многу поинтензивно конзумираат информации преку интернетот и често читаат, при што дури голем дел од нив се чувствуваат како „зависници“ од медиумите. Може да се забележи дека наставниците поради специфичноста на професијата многу повеќе се корисници на интернетот како модерен медиум, бидејќи тие мора да се во тек со настаните и новитетите за да бидат во чекор со своите ученици. Значи сепак разликите во ставовите не произлегуваат од различната возраст туку од различната социјална и професионална структура на испитаниците.

 


„Медиумите и реалноста – сојузници или противници“

АСУЦ „Боро Петруешевски“, Скопје, и оваа учебна е дел од големото АЦЕС-семејство. Оваа година е добитник и координатор на проектот „Медиумите и реалноста - сојузници или противници“ што ќе го реализира заедно со училиштата-партнери од Крагујевац, Србија и од Љубљана, Словенија. Проектите на тема „Медиуми“ ќе се реализираат во 15 држави, во Средна и Источна Европа, во рамки на Меѓународната мрежа на средни и основни училишта (ACES). Целта на ACES е да се овозможи и унапреди интеркултурен дијалог и соработка на младите луѓе со цел да се создаде трајна мрежа преку која би се разменувале знаења.

Основната цел на проектот „Медиумите и реалноста – сојузници или противници“ е оспособување на учениците да бидат одговорни корисници и креативни создавачи на медиумски продукти, унапредување на познавањата за улогата и функцијата на медиумите во демократското општество, развивање хумани вредности и оспособување на учениците да ги разбираат и прифаќаат различностите.

Преку креативни активности (работилници, вежби, интерактивни дебати, интернационална соработка) ќе се оспособат да прават реална проценка за информациите пласирани од медиумските провајдери, да утврдат колку се совпаѓаат реалноста и медиумските стории. Преку директно инволвирање во медиумскиот простор (креирање весник, веб-страница, драматизации, филм, учество во ТВ-емисии) да градат мултикултурни вредности и вистинска слика за општеството во коешто живеат. Како директни учесници во создавањето медиуми ќе влијаат врз создавањето и градењето на демократската култура и обликувањето на јавното мислење.

Проектот ќе се реализира преку предвидените креативни активности чии главни носители ќе бидат учениците вклучени во проектот. Учениците под менторство на наставниците ќе креираат веб-страница која континуирано и постојано во тренд ќе ја ажурираат, истражувајќи на терен ќе креираат новинарски статии, својата позитивна и креативна енергија ќе ја изразат преку драматизација, ќе снимат филм, ќе креираат весник и ќе учествуваат во ТВ-емисија каде ќе имаат можност да ги изразат своите лични ставови. Со проектот се планира организација на хуманитарни акции чии средства ќе бидат конструктивно наменети.

 

 


Видеоконференција

 

 

Една од предвидените активности во рамките на меѓународниот АЦЕС-проект „Медиумите и реалноста – сојузници или противници“, преку која учениците, преку интернет, можеа да се запознаат, да другаруваат и да споделуваат мислења, е видеоконференцијата.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Преку видеоконференција, учениците и професорите од АСУЦ „Боро Петрушевски“, Скопје, Политехничка школа од Крагуевац и Средното стручно и занаетчиско училиште од Бежиград, Љубљана, имаа можност за првпат да се видат и да се слушнат во живо, да се запознаат меѓу себе. За време на реализацијата на проектот предвидени е уште една видеоконференција, на која учениците ќе дискутираат за теми поврзани со медиумите.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Истражување и анализа за медиумите и реалноста

Во рамките на интернационалниот проект „Медиумите и реалноста – сојузници или противници“ се спроведе истражување за тоа колку медиумите вистински ги пренесуваат информациите за настаните кои се случуваат во општеството.

Настан: Опозицијата обвинува дека власта подготвува изборен фалсификат

Период во кој е спроведено истражувањето: 5 – 9 ноември 2012

При следење на настанот во периодот на случувањата можевме да увидиме дека новинарите кои го објавија настанот тоа го сторија професионално, но со доза на додавање информации кои немаа посебна важност и поврзаност со настанот. Голем дел од печатените медиуми воопшто не ја објавија веста, еден медиум веста ја објави во рубриката „Актуелно“, но таа беше задушена од страна на другите текстови бидејќи е напишана со мала големина на букви и не е доволно видлива. Само во еден дневен весник веста беше објавена детаљно и објективно, а беше истакнат и демант.

За ТВ-куќите можеме да кажеме дека тие кои објавија видеоприлози, тоа го сторија во просечни рамки. Известуваа навремено, вистински и сето тоа го потврдија со факти, а демантите беа објавени во кратки црти.

Во следниот период ќе се следи судската разрешница и ни останува да ги следиме настаните за да видиме колку професионално и вистински ќе известуваат медиумите за случувањата поврзани со овој настан.

Моите согледувања се дека медиумите, барем во овој случај, не дадоа целосна слика на настанот, ги занемаруваа информациите и се придржуваа до уредувачката политика на медиумот, а не до реалноста.


Кристијан Ангелески, IV2 клас

 


Обука „Медиумска писменост“

Медиумите заземаат значајно место во нашето секојдневие и ни помагаат да го разбереме светот околу нас. Медиумската писменост е особено значајна за младите луѓе бидејќи ако се медиумски писмени ќе можат полесно да ги анализираат, проучуваат и разбираат медиумите и да го осознаваат светот околу себе. Особено е важно да ги охрабриме младите луѓе да прашуваат, вреднуваат, истражуваат и да бидат активни корисници на медиумите притоа трагајќи по реалноста.

 

 

 

 

Како дел од предвидените активности во рамките на проектот „Медиумите и реалноста – сојузници или противници“, во трите партнерски училишта беше реализирана обука на тема: „Медиумска писменост“. Учениците се запознаа со тоа што претставува медиумска писменост, што е вест, на кој начин се собираат и се пласираат информациите до јавноста. Особен акцент беше ставен на организацијата на еден медиум и на принципот на 6 прашања кои се основа за да се изгради еден новинарски текст: кој, што, кога, каде, зошто, како.


 

 

 

 

Во следните предвидени активности со проектот, учениците ќе имаат можност да стекнат практични искуства преку: креирање медиум, контакти со новинари, посета на медиумски куќи, снимање филм, драматизации, дебати, говорништво.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

На обуката, која ја спроведоа професорките по македонски јазик и литература, Силвија Митревска-Филипова и Ленче Томова, присуствуваа 39 ученици и 3 професори, кои се дел од АЦЕС-проектот.

 

 

 

 

 

 

 

 

 


Обука за говорништво


Јавното говорење постои со цел да ги оспособи учениците за јавно презен­ти­рање на своите ставови во врска со актуелни теми од секојдневниот живот, да ги подобрат комуникациските способности, да ја изразат својата креативна енергија на специфичен начин, да стекнат поголема самодоверба и да го поттикнат својот натпреварувачки дух.

Како дел од активностите на АЦЕС-проектот „Медиумите и реалноста – сојузници или противници“, за учениците беше реализирана обука за говорништво, преку која тие се стекнаа со знаења и вештини од областа на говорништвото, која ја реализираше професорката Ленче Томова. Преку оваа обука на учениците се стекнаа со знаења за стиловите на комуницирање, елементите на комуникациски процес, трансформанцијата на стравот, со мапата на умот, видовите комуникација и со значењето на активното слушање.

На подготовките за јавно говорење, стручниот консултант, Никола Здравковиќ, член на Клубот на оратори на Правниот факултет, на учениците им одговори на прашањата: што треба да поседува добар оратор, како да го задржи вниманието на публиката, им ги откри тајните на пишување успешен говор. На темата „Проверка на реалноста - Како го восприемаме и градиме светот низ медиумите“, говори напишаа 25 ученици, а по првата селекција се натпреваруваа 14 ученици. Од нив двајца, Драгана Трајанова и Симон Паковски, беа избрани да се натпреваруваат на Ораторската вечер, на средбата на трите партнерски училишта во Крагуевац, Република Србија.

 

 

 

Обука „Како новинарите ги добиваат и ги проверуваат добиените информации“

 

 

Дел од заедничките активности на трите партенр-училишта од АЦЕС-проектот беше и обуката „Како новинарите ги добиваат и ги проверуваат добиените информации“, на која професорката Силвија Митревска-Филипова, ги запозна учениците со начинот на кој се проверуваат и се обликуваат добиените информации.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Новинарите ја претставуваат јавноста – тие ги собираат и ги селектираат информациите, ја определуваат нивната вредност и веродостојност, а потоа тие информации се пласираат до јавноста. Беше истакната првата и најважна задача на новинарите – прикажувањето на вистината.

 

 


 

 

 

Новинарите секогаш ги гледаат случувањата објективно, информациите да ги добиваат директно, да се неутрални и аргументатите да не ги мешаат со мислења.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Партнерска посета на Крагуевац, Република Србија


 

Првата официјална средба на партнерските училишта од АЦЕС-проектот се одржа од 20 до 22.10.2012 година, а домаќин беше Политехничка школа од Крагуевац. Дел од многуте активности беше официјалната презентација на проектот, целта и проектните активности, која ја одржа професорката Јована Јаниќ.

 

 

 

 

 

 

 

 

На средбата, наставниците и учениците се договорија за креирање заедничка веб-страница за проектот и за креирање на е-списание „Реалност“. Беа избрани новинари, фотографи, уредници, дијазнери. Средбата беше и можност да се запознаеме со историското и културното наследство на градот Крагуевац.

 

 

 

 

 

 

 

 


Ораторска вечер во Крагуевац

Посебен акцент беше ставен на Ораторската вечер на тема: „Проверка на реалноста - Како го восприемаме и градиме светот низ медиумите“. Ораторската вечер беше убава можност ученици од три различни држави на иста тема да зборуваат зборуваат на три различни јазици и да ги изнесат своите ставови. Учесници во дебата беа: Драгана Трајанова, III/2, АСУЦ „Боро Петрушевски“, Скопје; Симон Паковски, IV/1, АСУЦ „Боро Петрушевски“, Скопје; Јордана Уршка, Средно училиште, Бежиград, Љубљана; Жига Клун, Средно училиште, Бежиград, Љубљана; Ивана Јанковиќ, I/10, Политехничка школа, Крагуевац; Јелена Прокиќ, III/5, Политехничка школа, Крагуевац.

Според гласањето на стручното жири и на публиката, првото место го освои Драгана Трајанова, III/2, АСУЦ „Боро Петрушевски“, Скопје; а второто место му припадна на Симон Паковски, IV/1, АСУЦ „Боро Петрушевски“, Скопје.

Драгана Трајанова, III2, АСУЦ „Боро Петрушевски“, Скопје, Македонија

 

 

Медиумите и реалноста

Влегувајќи во дневната соба, вниманието ми го одвлече ударната најава на попладневните вести: - „Син ја убил својата мајка, а потоа постирал статус на фејзбук „Ја убив мајка ми“. „Во протестите против новите закони настрада брачен пар на денот на нивната венчавка“.

Што уште да очекуваме? Дали вечно да останеме робови на новостите споделени од медиумите или, пак, со секоја нова трагедија да се плашиме за сопствената слобода? Живееме во свет на илузии и имагинации. Веруваме на секој збор кажан во јавноста. Споделуваме свои мислења и дискутираме на секоја топ-тема.

А зошто? Дали тоа не прави посреќни или е само трошење на нашето време?

Луѓе, нели е подобро кога медиумите ни се составен дел од животот, а не животот да ни е медиум. Пример: Купувате весник. Најактуелни се: црната хроника, политичките недоразбирања, природните катастрофи. И тогаш се прашуваме, „Каде, всушност живееме!? Со каква околина сме опкружени?“ Телевизиските канали за некои луѓе содражат доста забава. Нецензурирани програми, голотии, пцовки. Можете да начекате тепачка меѓу димпломати, зад кои стои името - чесен политичар. На некои програми во долниот дел на екранот можете да прочитате: „Четириесет и осумгодишен маж бара девојка за забава“. Зарем нас не интересираат јавните потреби на еден маж, па уште и да се емитува на телевизија. Во мода е да видиме и ликови со натприродни сили кои ни ја претскажуваат иднината со само еден повик.

Кога ќе умреме, дали партнерот ќе не остави, каде ќе живееме на 34 години, што мислат соседите за нас и што ли уште не. Ние, нормално, веруваме и стануваме зависници од вакви нелогични емисии, кои имаат една цел - да привлечат повеќе публика.

Дојде време да не можеме да излеземе на улица само да не пропуштиме некоја синхронизирана серија. И ние имаме свое писмо кое ќе може да послужи како превод. Вака може да заборавиме да читаме. Зарем станаа демоде старите македонски филмови? Од кога ја немаме слушнато музиката на Дарче Музичарче? Заборавивме како изгледа дружбата во Наше маало. Сега го нема ни Марко да ни раскажува за неговите девојки.

Од друга страна, пак, корисно е да се гледаат филмови со научна содржина. Но, бидејќи тие се ретки, времето го поминуваме со шамиче в рака плачејќи зошто починал главниот актер во новата серија.

Со цел да дознаеме што се случува во светот и кај нас, не ги пропуштаме вестите. Тие, пак, почнуваат со добар ден, а потоа добиваме образложение зошто не бил добар.

Се помалку време посветуваме на пишаниот збор. Секој поглед го насочуваме кон примамливите најави на телевизија. При очи и уши останавме слепи и глуви.

Занесени од сериите, квизовите за пари и секаквите емисии, заборавивме на природата околу нас.

Заборавивме на убавиот човечки збор. Заборавивме да комуницараме за сопствениот живот.

Да се разбудиме од оваа негативна имагинација. Секој има свое време, свое право, свој живот. Затворете ги вратите на медиумите и почнете да живеете во реалноста.

Симон Паковски, IV/1, АСУЦ „Боро Петрушевски“, Скопје, Македонија

Медиуми

Скокам од радост, не можам да се соземам. Решив да купам или, можеби, да излицитирам нов ЛЦД-телевизор за да можам насамо да уживам со новите програмски шеми на телевизиите кои тврдат дека ќе ја надминат гледаноста на талентот на Драганчо или стриптизот на Роска, а, можеби, и љубовта на фамозната Шехерезад. Ова е еден мал сегмент од тоа што секојдневно ни се сервира на малите екрани, а ние како зависници од ТВ-приемниците сме принудени да ги гледаме и да ги впиваме тие информации.

Медиумите не се она што беа некогаш – курири кои известуваа за реалноста. Денес на секој чекор е отворена нова телевизија, чија смислена и намонтирана приватизација, непрофесионалното известување и употреба на говорот на омраза овозможува лесно манипулирање со народот. Со такви медиуми граѓаните, а особено младите стануваат „тесто“ со кое лесно се меси, а целото општество маса со која лесно се управува. И тука доаѓаме до најголемиот проблем. Младите, кои како сунѓери впиваат сè што им се нуди и прикажува. Тие, млади и наивни себеси се поистоветуваат со евроатлантските стандарди, рок–хистерија, вандализам на спортски натпревари, мода од американските улици... преку медиумите се споредуваат со лицата од бруклинските тротоари, младата девојка не е „фенси“ ако не е облечена во скапи крпчиња кои изгледаат ефтино, повеќе не си „ин“ доколку не користиш кокаин, а чашката и цигарата веќе се како добро утро. И сето тоа вешто се провлекува преку рекламите за борба против дрога, алкохол и цигари, на кои перфидно работат цели тимови и аналитичари кои се водат по тоа дека младите секогаш тежнеат кон она што им е забрането.

А каде исчезнаа поучните цртани филмови, образовно-информативните и дебатните емисии, квалитетните филмови и музика, семејните ТВ-серии...? Наместо тоа како најнов метод за заведување на јавноста се копираат светските реални шоуа, каде 24 часа дневно братот ни прикажува група на млади луѓе за кои гордост претставува нивното непристојно однесување, вулгарниот речник, експлицитните сцени...

А, во меѓувреме, покрај маратонски долгите реклами, можеме да погледнеме филмови со секаква содржина несоодветна за временскиот период во кој се емитуваат, музички спотови исполнети со голотија и порнографија, баба Ванѓи кои ја раскажуваат иднината која се сведува на празни дрдорења и пропаганди, а сето тоа е зачинето со љубовни СМС-контакти кои постојано кружат на дното на екранот. И во случај да се пропушти некоја од содржините кои ни ги нуди телевизијата, тогаш веднаш наредниот ден истите можат да се прочитаат и видат во дневните весници и на интернет. Едноставно, на секој чекор сме опкружени со безброј невистини, неточни и безвредни информации и содржини кои не би требало да бидат презентирани и да го засегаат младиот човек.

Но, и покрај се, ние остануваме верни робови на нашите робовладетели – медиумите и со нетрпение ја чекаме најновата безвредна информација. Дали на крај ќе се разбудиме и ќе преземеме нешто што ќе биде во наша корист или ќе се препуштиме други да нè водат кон сè поголема отуѓеност и духовна празнина, зависи само од нас. Дали младите генерации ќе се снајдат со сè поприсутниот тренд на виртуелна реалност, останува да видиме. Едно, секако, е сигурно, за крајниот резултат ќе бидеме известени преку медиумите.

Впечатоци од посетата на Крагуевац

Драгана Трајанова

Понекогаш имаме можност да се вратиме назад и да ги согледаме нашите успеси и падови. Но никогаш не е предоцна за нови успеси. Доволно е своеволен труд за да го направиш првиот чекор. Така и јас го направив. Немав проблем, со мене беа моите професорки од Младинската организација кои ми помагаа. „Медиумите, реалност или имагинација“ - тоа беше темата на која го напишав мојот говор.

Знаејќи го секој збор, без двоумење заминавме во Крагуевац, Србија. Имав само една цел - да победам на тој натпревар. Откако ја запознавме околината и откако се запознав со останатите, победничкото место почнуваше да се губи од мене. Го сакав, но повеќе го сакав дружењето. Знаејќи дека го претставувам моето училиште излегов и со својата самоувереност говорев течно и гласно. Токму онака како што доликува на прво место. Бев среќна што токму нашето училиште ги освои првите две места.

Но, на крајот сфатив дека оние луѓе кои ги запознав и поминатото време таму не би ги сменила за ништо.

Тоа беше уште едно убаво и незаборавно искуство.

Симон Паковски

Од почетокот на учебната година активно се вклучив во АЦЕС-проектот „Медиумите и реалноста – сојузници или противници“. Бев запознат со сите предвидени активности, но најголем предизвик за мене беше Ораторската вечер што требаше да се одржи во училиштето-партнер од Крагуевац, Србија.

Првпат се подготвував да говорам пред публика. Имав трема, но кога стигнавме во Крагуевац и кога ги видов пријателските расположени лица на домаќините, сфатив дека ќе успеам. Тремата исчезна, ми беше важно учеството, искуството. Говорев како да разговарам со пријатели, бидејќи за кратко време сите ние-учениците станавме пријатели. Видов поддршка во ликовите на сите присутни. Им благодарам за тоа. Освојувањето на второто место за мене е поттик да продолжам да говорам пред јавност. Но, Крагуевац за мене е многу повеќе – град со многу пријатели, кои ми овозможија да доживеам незаборавни, преубави денови.

Како ученик на АЦЕС проектите работам од 2010 година. Преку проектот кој го имавме минатата година јас го надобрадив моето знаење, се стекнав со нови вештини, запознав нови луѓе кои ми помагаат во работењето на овогодинешниот проект.

Уште од самиот почеток на проектот „Медиумите и реалноста - сојузници или противници“ јас завземам учество. Работите кои ме мотивираат да бидам дел од овој проект се активностите кои се добро организирани и се интересни за мене како ученик. Ние учениците имаме можност: да запознаеме нови пријатели, научиме нешто ново, да одиме на ученички размени итн.

 

Нашата прва размена која е дел од проектот беше размената во октомври во Крагуевац. Размената беше тотален погодок! Многу активности, но се беше едноставно и релаксирано. Имавме разгледување на градот и посета на музејот на индустријата. Исто така го посетивме паркот „Шумарица“ и ги освеживме сеќавањата за невините деца кои биле стрелани во 1941 година. Нешто по што ќе го паметам Крагуевац е тоа дека е град полн со знаменитости.

Главната активност на размената беше ораторската вечер. Имавме можност да проследиме 6 оратори од 3 земји кои говореа на 6 различни теми поврзани со името на проектот „Медиумите и реалноста - сојузници или противници“ и двајца ученици од моето училиште ги освоија првото и второто место.

Во текот на размената се стекнавме со нови пријателства и имавме одлично поминато време!

 

 

Е-списание „Реалност“: http://smsmediareality.site40.net/

 

 

Една од предвидените активности со меѓународниот проект „Медиумите и реалноста – сојузници или противници“ е заедничкото креирање на електронското списание „Реалност“. Преку него, дирктните и индиректните учесници во проектот ќе се запознаат со проектните тимови, ќе ја следат реализацијата на проектните активности, вклученоста на учениците и на наставниците во проектот, посетите, патувањата, дружењата.

 

 

 

 

ДЕБАТА на тема „Реалноста и медиумските стории се разликуваат“


Дебатата е нешто со коешто секојдневно се среќаваме и коешто ни е познато на сите. Дебата гледаме на телевизија, во училиштата и факултетите, во нашите домови. Во училиштата се водат бројни дискусии за различни теми, посебно на часовите по општествените и хуманите науки. На телевизиските програми и на останатите медиуми често сме сведоци на дебати за политички и економски теми, теми од областа на заштитата на животната средина, спортот или културата. Покрај тоа што преку дебата учиме одредена содржина, ние совладуваме и одреден процес, односноодредени вештини. Тука спаѓаат вештините на истражување, критичко читање, анализирање информации, нивно селектирање и систематизирање, конструирање аргументи, активно слушање, вештини на тимска работа и јавно говорење итн.

Една од предвидените активности во рамки на проектот „Медиумите и реалност – сојузници или противници“ е организирањето дебата. Учениците кои се вклучени во проектот се подготвуваа и дебатираа на тема: „Реалноста и медиумските стории се разликуваат“.

За да се одвива една дебата, секако, мора да имаме тема на којa ќе се дебатира. Тема, всушност, е предметот на некој говор, дискусија или пишано дело. Најсуштествениот дел на дискусијата во една дебата се сведува на аргументите. Аргументите се елементите кај кои се забележуваат најжестоките точки на судир во текот на дебатата и, како такви, важат за најсилни алатки за афирмирање или негирање на тезата.


 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

На дадените тези учениците, во тимови составени од ученици од трите партнер-училишта – афирмативен и негативен, дебатираа на следниве тези:

1. Информациите кои се пласираат во медиумите влијаат врз градењето на јавната свест кај младата популација

2. Пласираните информации – вистина или лага

3. Емитувањето на сериите, играните и цртаните филмови – зависност или разонода.

 

Përditësimi E mërkurë, 20 Shkurt 2013 08:48