ОДБЕЛЕЖАНА 66 ГОДИШНИНАТА ОД ПОСТОЕЊЕТО НА СУГС “БОРО ПЕТРУШЕВСКИ” |
Written by Administrator |
04.22.2013 |
Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски денеска /20.04.2013, сабота/ присуствуваше на свеченоста по повод 66 годишнината од основањето на средното училиште “Боро Петрушевски”. На свеченоста присуствуваа и поголем број на членови на советот на Градот Скопје, претставници на градската администрација, како и директорот на СУГС “Боро Петрушевски”, Соња Ристовска.
- Денеска, во оваа прилика би сакал да оддадам јавно признание за квалитетната работа на ова училиште во изминативе години. Ова е едно од училиштата кое континуирано создава, работи и напредува. Училиштето непрекинат овозможува услови за квалитетен воспитно-образовен процес. Покрај големиот придонес за обезбедување на услови за одвивање на воспитно-образовниот процес, за поздрав е и заложбата на училиштето во областа на дополнителните дејности. Развојот на дејностите придонесува финансиско зајакнување на училиштето кое овозможува да се обезбедат подобри услови за учениците, како и развој на практичната настава – кажа Трајановски во неговото обраќање.
Средното училиште “Боро Петрушевски” во моментов врши едукација на поголем број на образовни профили, како што се техничар за патен сообраќај, техничар за транспорт и шпедиција, автотехничар - мехатроничар, автомеханичар, автолимар, автоелектроничар и каросериски механичар. Покрај основната дејност, во СУГС “Боро Петрушевски“ постои и станица за технички преглед и регистрација на моторни возила, центар за хомологација на моторни возила, автосервис, авто - полигон и автоперална. |
Last Updated on 12.22.2014 |