Почетна Образование за возрасни
Образование за возрасни PDF Print E-mail
10.28.2011

СПЕЦИЈАЛИСТИЧКО ОБРАЗОВАНИЕ

Во АСУЦ„Боро Петрушевски“ со висока професионалност можете да стекнете специјалистичко образование за:

  • Возач инструктор
  • Контролор во станица за технички преглед
  • Патен оператер
  • Автомеханичар и Автолимар - Специјалист
  • Возачи на сите категории – Специјалист

Обуките ги реализираат професори со дологогодишно искуство во педагошката и стручната дејност. После полагањето на сите испити, кандидатите се стекнуваат со компетенции и уверенија за завршен повисок степен на образование-специјалистичко образование.



ДОКВАЛИФИКАЦИИ И ПРЕКВАЛИФИКАЦИИ

 

Согласно Оперативниот план на Владата на Република Македонија за 2009 година потребно е да се реализира обука за одделни занимања и вештини кои се дефицитарнни на пазарот на труд. За таа цел е изработена оваа Наставна програма за Сервисер за мехатронички системи, според која понатаму ќе се спроведе обука на заинтересирани кандидати.
Наставната програма е составена од модуларни единици кои се надополнуваат меѓу себе. Со примената на модуларните единици во образованието на возрасни, како новина во Република Македонија, може да се овозможи:
- брзо стекнување на одредена квалификација на неквалификуваната работна сила за пазарот на трудот;
- преквалификација на квалификуваните работници според потребите на пазарот на трудот;
- доквалификација за одредени нови технологии кои се присутни во фирмите.

Со примената на овој начин на реализација на обуките, се овозможува постојано надградување на стручната оспособеност како на вработените така и на невработените за следење на новите технологии, односно се остварува вистинска флексибилност на системот на стручното образование, како и потребата од доживотно учење, што се наметнува како неопходност во Република Македонија.

1.  Назив на обуката

Сервисер на мехатронички системи

2.  Струка

Машинска

3.  Времетраење на обуката

Времетраење на обуката во часови       240 часа
Времетраење на обуката во недели       12 недели

4.  Влез во обуката за кандидатите

Основно ниво на образование Завршено основно образование и возраст од најмалку 18 години Пожелно ниво на образование Завршено средно образование

5.  Организација, услови и реализација на обуката

Наставата ќе се изведува во специјализирани училници, опремени со модерна опрема за следење на наставата и специјализирани работилници опремени со соодветни машини, дијагностички апарати, уреди, персонални компјутери за успешно извршување на поставените задачи. Групата може да брои најмногу од 6-8 кандидати. Обуката се изведува во работни или неработни денови, согласно потребите и барањата на кандидатите. Сите кандидати задолжително треба да присуствуваат на најмалку 80% од предвидените часови со секоја модуларна единица.

6.  Компетенции стекнати по завршување на обуката

•разликува алат,опрема и инструменти
•контролира исправност на системи
•утврдува неисправности на деловите
•демонтира и монтира делови
•користи електрични величини за реализација на конкретни проблеми
•мери електрични величини
•чита и толкува измерени вредности од електрични мерни инструменти
•чита електрични шеми
•препознава и знае принцип на работа на некои типови на сензори
•испитува некои типови на сензори
•користи програми за моторни возила во електронска форма
•користи уреди за ОБД дијагностика за лоцирање на неисправности на возила
•користи заштитни средства

7. Уверение стекнато по завршување на обуката

По завршување на обуката и успешно полагање на испитот кандидатот добива Уверение за стручно оспособување со кое се потврдуваат стекнатите компетенции.