Почетна
Меѓународен проект во рамките на програмата "Еразмус + " PDF Print E-mail
04.07.2015

Меѓународен проект во рамките на програмата Еразмус +
Дијагностика на современите моторни возила
(Ученици
на практична обука во Севиља – ШПАНИЈА)

Практична обука во сервиси за сите видови возила: Mercedes,  Volvo, Renault, Peugeot, BMW X6, Land Rover,  Seat,  Ford, Audi, Citroen, Porsche

Партнери во проектот:
►АСУЦ Боро Петрушевски – Скопје
►Stage Within European Programmes – Sevilla


Во проектот се вклучени 9  ученици од III год., (автотехничар – мехатроничар), според точно утврдени критериуми на избор. Времетраење на проектот е од 1.06.2014 – 1.06.2015. Проектот овозможува на учениците повеќе бенефити, како на пример, стекнување на искуство во областа на практичната обука во современи сервиси за возила во странство, стекнување на нови вештини и знаења во областа на автомобилската мехатроника, поврзување на стекнатите теоретски знаења за мехатронските системи со праксата, индивидуален професионален развој, продлабочување на познавањето на англискиот јазик и јазикот на земјата – домаќин, зајакнување на соработката со партнерот од земјата – домаќин, која во иднина ќе придонесе за реализирање на нови проекти.

Пред реализирање на мобилноста, за време на подготвителниот период, учениците реализираа тримесечна практична обука во сервисот за возила “Peugeot Euroimpex”, пропратена со водење на соодветна документација (работни тетратки, подготвителни тестови, практични вежби и сл.)
Мобилноста на учениците се реализираше во периодот од 08.03.2015 до 22.03.2015, во Севиља, Шпанија. Секој ученик реализираше практична обука во различен сервис, под целосен надзор на ментор. Целите предвидени во рамките на посетата се успешно реализирани. Учениците имаа можност директно да се вклучат во работниот процес, да се здобијат со нови вештини во рамките на нивната област, да ракуваат со многу посовремена опрема, да реализираат дијагностика на  најсовремени мехатронски системи кај возилата од типот на Mercedes,  Volvo, Renault, Peugeot, BMW X6, Land Rover,  Seat,  Ford, Audi, Citroen, Porsche.

Сертификати
Сертификат од партнерот од Севиља – “Stage Within European Programmes”
Сертификат од сервисот за возила - со мислење од страна на  менторот
“Europass mobility” – сертификат, за прв пат функционира во МК и е валиден во Европа

Од особена важност се впечатоците на менторите кои се содржани во “Сертификатот од сервисот за возила”, кои го докажуваат нивното огромно задоволство од работата на учениците, нивната мотивираност, желба за да се научи повеќе, одговорност, исполнителност, интелегенција, работа на сложени дефекти кај современи возила и нивно отстранување користејќи најсовремена опрема и алат.

 

Тимот на АСУЦ “Боро Петрушевски” во Севиља, Шпанија