Ballina Category Blog Отворен ден – ученици и работодавачи
Отворен ден – ученици и работодавачи pdf Shtyp Email
nga Administrator   
E diel, 21 Prill 2019 00:00
Страната е во изработка

 

АСУЦ „Боро Петрушевски“ на Град Скопје на 18. 4. 2019 година, со отворени врати ги пречека работодавачите на истакнати компании од Скопје. Претставници од единаесет реномирани компании Еуроимпекс, Аутомакедонија, Ван Хоол, Мотоцентар-Центар за гуми, МИ-ДА Гранд Моторс, ЈСП Скопје, Даути Комерц, Пауер Спорт Систем, Боми 10, М Кар ДООЕЛ и Осигурително брокерско друштво АСУЦ Брокер имаа можност да остварат контакт и да извршат интервијуа со повеќе од 100 ученици од завршните години од училиштето. Настанот е од исклучително значење за училиштето затоа што овозможува зајакнување и продлабочување на соработката помеѓу локалната заедница, социјалните партнери и учениците. На самиот настан се потпишаа Меморандуми за соработка помеѓу училиштето и работодавачите. Исто така овој настан понуди широки можности за учениците да размислуваат и дискутираат со претставниците на компаниите, за важни теми и прашања во врска со нивниот професионален и личен развој, како и за нивно идно вработување. Преку оваа средба се креира една одлична соработка, којашто придонесе учениците да се осознаат себеси, а претставниците од компаниите да се запознаат и добијат целосна слика за профилите на учениците кои завршуваат и кои ќе се најдат на пазарот на труд. Настанот е поддржан од проектот Е4Е@mk кој придонесува за промоција на стручното образование и ги доближува младите до работодавачи. Секој нов чекор е тежок на почеток, но со посветеност, трпеливост и работа води кон восхитувачки крај. Задоволството и насмевката на лицата на учениците по завршувањето на интервијуата го потврди токму тоа.

Përditësimi E hanë, 22 Prill 2019 12:56