Почетна
Образовна дејност

Артикли кои ќе се ставаат во менито Образовна дејност



Директор PDF Print E-mail
02.20.2023

Александар Стрезов е именуван за в.д. директор на АСУЦ „Боро Петрушевски“ на Град Скопје на 5.2.2024 година.

По професија е дипломиран машински инженер. Завршил Машински факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Бил обучувач и учествувал во голем број обуки од областа на образованието и безбедноста и заштитата при работа. Некои од нив се: семинар за ненасилно решавање конфликти; Сертификат за ISO 17040:2004 год.; реализирана успешна училишна обука „Примена на стандардите за оценување на учениците“ по USAID; обука во Кобленц, Германија, за организирање на наставата во средни стручни училишта; обука во Естонија од проектот Еразмус плус за спроведување на наставните програми и поврзувањето на теоретската со практичната настава во средните стручни училишата во ЕУ, обука и советување за „Претприемничко образование во Република Македонија“; обука за меѓучовечки односи и атмосфера во работната средина; обука за социјално претприемништво; обука за развој на бизнис-концепт за зелени иновации и др.

Докажан е во координирање и учество во повеќе проекти, програми за работа и нивна практична примена. Бил ментор на ученици на повеќе регионални и државни натпревари на ученици од областа на автомеханика, бизнис и претприемништво, екологија, иновации.

Неговата заложба како в.д. директор е да даде свој придонес во различни сегменти во образовно–воспитниот процес, преку кој ќе се образуваат оспособени кадри и преквалификувани возрасни лица, во проширување на постоечките и воведување нови дополнителни дејности за создавање позитивен, квалитетен и високо оценет имиџ на АСУЦ „Боро Петрушевски“ на Град Скопје.

Негова цел е во училиштето да се реализира квалитетно образование и воспитание на учениците во сите струки и занимања од страна на високостручен и контиунирано обучуван наставен кадар, во одлични материјално-технички услови за настава. На тој начин Училиштето ќе ја продолжи традицијата како препознатливо, квалитетно училиште со сопствен имиџ, идентитет и репутација. АСУЦ „Боро Петрушевски“ на Град Скопје ќе го зајакне кредибилитетот во средината и пошироко, а со тоа ќе буди постојан интерес за него. На тој начин ќе стане еден од водечките воспитно-образовни центри во Градот Скопје и во државата.

 
Информации од јавен карактер PDF Print E-mail
01.30.2023

Информации од јавен карактер

 

Повеќе
 
Реализиран проект за мобилност на ученици и наставници во рамките на Еразмус + програмата PDF Print E-mail
09.13.2021

Реализиран проект за мобилност на ученици и наставници во рамките на Еразмус + програмата

”Мехатрониката како основа за унапредување на перформансите и квалитетот на модерните моторни возила“

 

Повеќе
 
РЕЗУЛТАТИ НА ПРИМЕНИ КАНДИДАТИ PDF Print E-mail
06.17.2021

РЕЗУЛТАТИ НА ПРИМЕНИ КАНДИДАТИ

во прв уписен рок 2021 година



Повеќе
 
АСУЦ-со-нов-центар-за-Виртуелна-реалност PDF Print E-mail
06.17.2021

АСУЦ-со-нов-центар-за-Виртуелна-реалност



Повеќе
 
«StartPrev12345678910NextEnd»

Page 2 of 10