Меѓународен проект во рамките на програмата "Еразмус + " Print
04.07.2015

Меѓународен проект во рамките на програмата Еразмус +
Технички достигнувања кај моторните возила во функција на заштита на човековата околина
(Ученици
на практична обука во Севиља – ШПАНИЈА)

Учениците – главни носители на работата во сервисот, под целосна супервизија на менторите.


Партнери во проектот:
►АСУЦ Боро Петрушевски – Скопје
►Stage Within European Programmes – Sevilla

 

Во рамките на програмата „Еразмус +“, нашето училиште во 2016/2017 год., реализираше проект под името „Технички достигнувања кај моторните возила во функција на заштита на човековата околина“.

Во рамките на проектот, од 5 до 19 март 2017 год., беше реализирана посета на Севиља – Шпанија, од страна на 9 ученици од IV година на образование (автотехничар-мехатроничар) и две придружни лица.

Проектот е од големо значење за учениците и придонесе за многу бенефити, како, на пример: стекнување искуство во областа на практичната обука во современи сервиси за возила, професионално усовршување, усовршување на вештините и стекнување нови знаења, запознавање со техничките карактеристики и функционалната зависност на деловите кај еколошките возила, поврзување на теоретските знаења за современите системи за прочистување на издувните гасови со практиката, индивидуален професионален развој, проширување на знаењата во областа на странскиот јазик и јазикот на земјата–домаќин, интензивирање на соработката со сервисите за возила во земјата–домаќин, што во иднина ќе придонесе за повеќе мобилности за ученици во странство. Секој ученик реализираше практична обука во посебен сервис и беше главен носител на работата, под целосна супервизија на менторот. Се работеше на сите видови возила, како, на пример: BMW, GOLF, MERCEDES, RENAULT, SEAT, FORD, AUDI, JAGUAR, CITROEN. На крајот, учениците се здобија со многу значајни СЕРТИФИКАТИ: „Сертификат од партнерот од Севиља“, „Сертификат од сервисот за возила“- со мислење од менторот, „Еуропас мобилити – сертификат“. Многу значаен е фактот што менторите во своите извештаи го истакнаа своето задоволство од одговорноста на учениците, нивната посветеност и заинтересираност во работата, да научат повеќе, да работат на сложени дефекти, употребувајќи најсовремена опрема и алат. Планираните цели за време на мобилноста беа реализирани во целост.