Проект во рамките на програмата "Еразмус + " Print
Written by Administrator   
04.25.2019

Проект во рамките на програмата Еразмус +

Развивање на професионалните и меките вештини за полесно вклучување на пазарот на труд

 

АСУЦ „Боро Петрушевски“ на Град Скопје, во 2020 год., го реализира проектот од Програмата „Еразмус +“, под името  „Развивање на професионалните и меките вештини за полесно вклучување на пазарот на труд“.

Во рамките на двонеделната практична обука, 14 ученици ги усовршија своите знаења од областа на автомеханиката. Учениците беа од III год., и беа избрани по соодветни критериуми, во согласност со планот на Проектот.

Партнер во Проектот беше средното стручно училиште од Вилниус ”Vilnius automechanikos ir verslo mokykla”.

За време на обуката, учениците имаа можност да го посетат училиштето, активно да учествуваат на часови по   стручни предмети, работилниците за практична настава, да ги согледаат условите за реализирање на наставата и сл. Учениците, исто така, имаа можност, активно да учествуваат на час по практична настава во Центарот за обука, кој припаѓа на училиштето, каде што се сретнаа со најсовремени системи на возила, тестери, макети, симулатори и друга современа апаратура која се користи во автомобилската индустрија.

Најголем дел од практичната обука, учениците ја реализираа во сервиси за возила, од кои дел беа универзални, а дел беа специјализирани за возила од типот  на Volkswagen и Seat, при што реализираа: комплетен сервис, дијагностика, користеа современ алат и уреди, а, воедно, ги усвршија и своите меки вештини (комуникација, однос со вработени, тимска работа и сл.). Учениците самостојно работеа, под надзор на ментор.

Во рамките на проектот, учествуваа и 6 наставници, кои разменија искуства со наставниците од партнерското училиште, во однос на: организација на теоретската и практичната настава, воведување нови модули, користење е–апликации за тестирање на учениците, изработка на видеоклипови за промоција на училиштето, користење видеоклипови и друга стручна литература во електронска форма по англиски јазик и по стручни предмети, користење современа опрема во Центарот за обука кој е во склоп на училиштето и сл.

Сите учесници, на крајот од мобилноста, се здобија со соодветни сертификати. Искуствата кои ги стекнаа учесниците придонесуваат за  професионален развој на секој учесник поединечно, а, исто така, и за развој на нашето училиште, користејќи ги искуствата кои можат во иднина да се применуваат во наставниот процес, во процесот на соработка со социјалните партнери и сл


Last Updated on 04.24.2020