Средно стручно училиште
АСУЦ "Боро Петрушевски" на град Скопје
Отворен ден АСУЦ 2025

На 16.4.2025 година, во АСУЦ „Боро Петрушевски“ на Град Скопје, се одржа Отворен ден како дел од активностите за одбележување на патрониот празник на Училиштето. Отворениот ден е врска помеѓу социјалните партнери, училиштето и учениците. Со свои штандови пред присутните се претставија 40 социјални партнери на АСУЦ. Учениците од завршните години имаа интервјуа за нивно идно вработување, а учениците од прва, втора и трета година за избор на феријална практика. Наши посебни гости беа деветтоодделениците кои ќе бидат идни ученици на АСУЦ кои се запознаа со можностите што за нив ги нуди АСУЦ. Пред присутните се обратија в.д. директорот на АСУЦ „Боро Петрушевски“ на Град Скопје, Александар Стрезов; помошникот-директор за настава, Зекирија Зекири; а од социјалните партнери Имер Селмани и Аврам Стојчевски. Настанот беше збогатен и со лотарија организирана од социјалните партнери.