Автосообраќајниот училишен центар “Боро Петрушевски”, е модерен, современ, единствен и уникатен центар за образование на кадри од областа на патниот сообраќај во Република Македонија.
Во склоп на центарот има низа објекти во кои се остварува основната воспитно – образовна дејност, како и други дополнителни дејности.
Основната дејност на АСУЦ “Боро Петрушевски”, е образование на кадри од областа на сообраќајната, машинската и автотехничката струка, по пат на редовно и вонредно школување на македонски и албански наставен јазик.
Исто така, училиштето нуди можност за стекнување повеќе видови образование за возрасни:
Исто така, училиштето нуди можност за стекнување повеќе видови образование за возрасни:
- специјализации од областа на патниот сообраќај и одржување на моторните возила
- обуки и курсеви за стекнување компетенции и лиценци за вршење на дејноста во областа на патниот сообраќај и одржувањето на моторните возила
- Станица за технички преглед и регистрација на моторни возила
- Центар за хомологација на моторни возила
- Автосервис
- Автошкола
- Авто - полигон
- Автоперална