ОТВОРЕН ДЕН-АСУЦ 2023 Print
05.02.2023

Отворениот ден - АСУЦ  беше одржан на 26.04.2024 година по повод чествување на нашиот Патрон,  а со цел да ги собереме на едно место релевантните образовни институции, деветооделенците, како наши потенцијални ученици, матурантите, на кои   им се даде можност да ја согладаат потребата на пазарот на труд за нивните струки   и секако нашите долгогодишни социјални партнери-компаниите, а се во насока на развој на стручното образование.

 

 

Во училиштниот двор  беа изложени моторни возила од понудата на нашите социјални партнери. Тоа беше добра можност и за деветооделенците одблизу да се запознаат со можнисте за нивниот понатамошен професионален развој. Компаниите  презентира  со што располагаат и која е нивната дејност (најнови модели на  возила, уреди за дијагностика, опрема за обележување на сообраќајници).

Во спортската сала се организираше Саемот за вработување на кој учествуваат 21 социјален партнер на училиштето и  3 вискообразовни  институции. Нашите матуранти   имаа можност да бидат интервјуирани од компаниите и потенцијално да си обезбедат вработување.

Во училишната работилница, беа презентирани работни задачи по практична настава за деветооделенците. При посетата на работилницата  имаа  можност да бидат вклучени во реализација на работни задачи од  областа на моторните возила.