Отворен повик за експерт/експерти Print
04.01.2020

Отворен повик за експерт/експерти

АСУЦ Боро Петрушевски” на Град Скопје како координатор на  проектот “Skopshtina Cares” поддржан од Регионалната канцеларија за младинска соработка на Западен Балкан, во партнерство со средното стручно училиште “Shtjefën Gjeçovi” од Приштина,  распишува повик за ангажирање на експерт/експерти за потребите на проектот. Проектот “Skopshtina Cares”  третира ученици од рурални средини и обезбедува нивно поголемо вклучување во училишните и општествените активности.

Проектот предвидува еднодневни работилници за ученици во областа на меките вештини, конкретно работилници за: Комуникациски вештини,  Работа во тим и Јакнење на вештини за ефикасно решавање на проблеми, како и еднодневна работилница за медијација.

Сите заинтересирани кандидати, да достават професионална биографија на This e-mail address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it најдоцна до 5.3.2021 година.