Информации од јавен карактер Shtyp
nga Administrator   
E hanë, 30 Janar 2023 00:00
Страната е во изработка

Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер овозможува пристап до информации од јавен карактер што ги создало или со кои располага АСУЦ Боро Петрушевски на Град Скопје.

Барателот пристапот до информацијата може да го бара усно, писмено или во електронски запис, при што барањето поднесено во електронска форма се смета за писмено поднесено барање.

Писменото Барање може да се поднесе до АСУЦ Боро Петрушевски на Град Скопје во архивата; преку пошта на адреса на АСУЦ Боро Петрушевски на Град Скопје (Бул.Александар Македонски бр.26, Скопје), како и да се поднесе во електронска форма (преку е-маил: Ky email po mbrohet prej spambots-ave, të duhet JavaScript me e pa ).

Барањето за пристап до информација од јавен карактер може да се поднесе на утврдениот Образец на Барање (даден подолу) или на обичен лист хартија, но на истото барателот е должен да наведе дека станува збор за Барање по основ на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. Барателот не е должен да го образложи барањето.

Во случај кога барањето е поднесено од страна на овластен полномошник, кон барањето треба да биде приложено уредно полномошно.

Кога барателот бара пристап до информација со усно барање, службеното лице составува записник за тоа.

 

Подносителот на барањето може да се информира за сите прашања од интерес поврзани со остварување на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер, кај службеното лице

Jана Ивановски, контакт телефон: +389(0)23115819 и е-маил: Ky email po mbrohet prej spambots-ave, të duhet JavaScript me e pa

  1. Закон за слободен пристап до информации од јавен карактер
  2. Упатство за спроведување на законот за слободен пристап до информациите од јавен карактер
  3. Образец за барање за слободен пристап до информации од јавен карактер
  4. Образец за жалба
  5. Одлука за утврдување на надоместокот на материјалните трошоци за дадената информација (2006)
  6. Дополнување на одлуката за утврдување на надоместок за материјални трошоци (2017)
  7. Прирачник за спроведување на тест за штетност
  8. Водич за делегирање на надлежност
  9. Прирачник за проактивно објавување на информации
  10. Насоки за проактивна транспаретност
  11. Насоки за проактивно објавување на информации од јавен карактер за функционери или раководни лица
  12. Леток за баратели


22 ВИДОВИ НА ДОКУМЕНТИ И ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР

Имателот на информации е должен да ја информира јавноста преку својата интернет страница со објавување на:

 

  1. Основни податоци за контакт со службеното лице за посредување со информации
  2. Податоци од надлежности кои ги извршува институцијата, односно кои и се утврдени со закон
  3. Основни податоци за контакт на институцијата (www.asuc.edu.mk)
  4. Податоци за функционерот, односно одговорното лице на институцијата
  5. Основни податоци за контакт со лице овластено за заштитено внатрешно пријавување
  6. Список на лица вработени во институцијата со позиција, службен е-маил и службен телефон
  7. Закони кои се однесуваат на надлежноста на институцијата, поврзани со регистарот на прописи објавени во службеното гласило
Përditësimi E hanë, 11 Mars 2024 10:47