Информации од јавен карактер Print
Written by Administrator   
01.30.2023

Информации од јавен карактер

 

Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер овозможува пристап до информации од јавен карактер што ги создало или со кои располага АСУЦ Боро Петрушевски на Град Скопје.

Барателот пристапот до информацијата може да го бара усно, писмено или во електронски запис, при што барањето поднесено во електронска форма се смета за писмено поднесено барање.

Писменото Барање може да се поднесе до АСУЦ Боро Петрушевски на Град Скопје во архивата; преку пошта на адреса на АСУЦ Боро Петрушевски на Град Скопје (Бул.Александар Македонски бр.26, Скопје), како и да се поднесе во електронска форма (преку е-маил: This e-mail address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it ).

Барањето за пристап до информација од јавен карактер може да се поднесе на утврдениот Образец на Барање (даден подолу) или на обичен лист хартија, но на истото барателот е должен да наведе дека станува збор за Барање по основ на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. Барателот не е должен да го образложи барањето.

Во случај кога барањето е поднесено од страна на овластен полномошник, кон барањето треба да биде приложено уредно полномошно.

Кога барателот бара пристап до информација со усно барање, службеното лице составува записник за тоа.

 

Подносителот на барањето може да се информира за сите прашања од интерес поврзани со остварување на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер, кај службеното лице

Jана Ивановски, контакт телефон: +389(0)23115819 и е-маил: This e-mail address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it

  1. Закон за слободен пристап до информации од јавен карактер
  2. Упатство за спроведување на законот за слободен пристап до информациите од јавен карактер
  3. Образец за барање за слободен пристап до информации од јавен карактер
  4. Образец за жалба
  5. Одлука за утврдување на надоместокот на материјалните трошоци за дадената информација (2006)
  6. Дополнување на одлуката за утврдување на надоместок за материјални трошоци (2017)
  7. Прирачник за спроведување на тест за штетност
  8. Водич за делегирање на надлежност
  9. Прирачник за проактивно објавување на информации
  10. Насоки за проактивна транспаретност
  11. Насоки за проактивно објавување на информации од јавен карактер за функционери или раководни лица
  12. Леток за баратели


22 ВИДОВИ НА ДОКУМЕНТИ И ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР

Имателот на информации е должен да ја информира јавноста преку својата интернет страница со објавување на:

 

  1. Основни податоци за контакт со службеното лице за посредување со информации
  2. Податоци од надлежности кои ги извршува институцијата, односно кои и се утврдени со закон
  3. Основни податоци за контакт на институцијата (www.asuc.edu.mk)
  4. Податоци за функционерот, односно одговорното лице на институцијата
  5. Основни податоци за контакт со лице овластено за заштитено внатрешно пријавување
  6. Список на лица вработени во институцијата со позиција, службен е-маил и службен телефон
  7. Закони кои се однесуваат на надлежноста на институцијата, поврзани со регистарот на прописи објавени во службеното гласило
Last Updated on 03.11.2024