Ballina
Меѓународна активност за обука за наставен кадар – Рига, Латвија. pdf Shtyp Email
E enjte, 17 Qershor 2021 00:00
Страната е во изработка


Во рамките на проектот за стратешко партнерство, MOTIVE-e, поддржан од Еразмус+ програмата, од 21 до 23 септември 2021 година, се одржа меѓународна активност за обука на наставен кадар во Техничкото училиште за туризам и креативна индустрија  во Рига, Латвија.

Учесниците од РТРИТ (Латвија), КОМАГ (Полска), АСУЦ "Боро Петрушевски" (С. Македонија) и СЦВ (Словенија)  ја тестираа опремата за виртуелна реалност (ВР) во новиот VR центар развиен од РТРИТ во рамките на проектот и испробаа разни видео снимања и опции за уредување.

На крајот од обуката, беа направени три видеа. Две од нив беа базирани на теми од друг Еразмус+ проект за партнерство координиран од РТРИТ насловен, "Меки вештини за 21-от век за наставниците во СОО". Две од најдобрите пет меки вештини идентификувани во меѓународна студија спроведена во рамките на овој проект беа тема на овие филмови: Креативно размислување и Саморефлексија. Третиот филм беше фокусиран на креативна примена на VR за моден дизајн и внатрешен дизајн. Целата содржина на филмот (3D модели и други графики) беше составена врз основа на слики направени во училниците на RTRIT - беа опфатени ентериери и предмети од програмата за дизајн на облека.

Учесниците на меѓународна активност за обука за наставен кадар покажаа особен интерес за  видеото што ги прикажува можностите што ги нуди 3D моделирање и виртуелна реалност (VR), како и видеото за меки вештини кое  го покажа работниот процес за време на оваа обука во рамките на Мотив-е проектот.