Почетна Category Blog Директор
Директор PDF Print E-mail
Written by Administrator   
02.20.2023

М-р Горанчо Николовски, е именуван за директор во АСУЦ Боро Петрушевски на Град Скопје на 12 декември 2019 година.

М-р , Горанчо Николовски е роден на 20 јуни 1972 година во Скопје, каде го завршил основното и средното образование. Своето средно образование го има завршено во АСУЦ Боро Петрушевски на Град Скопје.

Има завршено втор циклус студии на Универзитет Св Кирил и Методиј во Скопје-Машински факултет Скопје каде што се стекнува со академски назив магистер по технички науки од областа на безбедност при работа.

М-р Горанчо Николовски, својата професионална кариера и образование низ годините ги градеше во АСУЦ Боро Петрушевски на Град Скопје почнувајќи како наставник по практична настава. Своите менаџерски вештини ги докажа за време на успешното раководење како координатор во Станицата за технички преглед во АСУЦ Боро Петрушевски на Град Скопје.     Во 2018 година се распоредува за вршење на работни задачи како Помошен директопр за истражување, обука и развој се до неговиот избор за директор.

Во текот на својата професионална кариера е учесник на голем број работилници и симпозиуми како во нашата држава така и надвор од неа.

Течно зборува англиски и македонски јазик.

Last Updated on 02.20.2023