Проектот на МОН „Интеграција на еколошката едукација во образованието“ во АСУЦ „Боро Петрушевски“ започна да се реализира во учебната 2011/2012 година. Како дел од овој проект започнавме да планираме и реализираме активности од Екологијата со крајна цел да конкурираме за добивање на зелено знаме во Септември 2012. Активностите ги креиравме според станадрдите за Еко училиште доделени од невладината организација ОХО и МОН. Нашето училиште и пред да биде дел од овој проект од областа на Екологијата спроведуваше различни активности со учениците.
За поуспешно спроведување на сите активности во Јуни 2011 година формиравме Еко одбор. Во одборот членуваат најмногу ученици - 14, потоа 4 наставници,1 родител, претставници од медиумите – Алфа, МТМ, Скај радио -3, 4 претставници од невладини организации и еден претставник од градот Скопје.
Еко одборот по направената анализа на состојбите во училиштето изработи и усвои Еко програма на АСУЦ „Боро Петрушевски“ која ги содржи следниве сегменти:
- Анализа на животната средина во училишниот центар
- Дефинирање на приоритетни цели
- План за активности за секоја цел
I. За да се утврди состојбата на основните еколошките параметри во училиштниот центар АСУЦ „Боро Петрушевски“ од Скопје, Еко одборот одреди тим да направи анкета во училиштето која ги содржи следниве параметри:
- Ѓубре
- Намалување на отпадот
- Енергија
- Вода
- Транспорт
- Здравје
- Училишен двор
Резултатите од анализата покажаа дека во училишниот центар треба да се превземат одредени активности за да се постигне повисок степен на исполнување на основите еколошки показатели кои ќе го рангираат училиштето на највисоката скала од Еко училиштата.
II. Резултатите од анкетата овозможија да се одредат приоритетни цели кои преку план на активности ќе се реализираат во текот на учебната година.
Приоритетните цели кои беа избрани од Еко одборот се:
Ø Намалување на потрошувачката на електричната и топлинската енергија за 10%
Ø Намалување на потрошувачката на вода за 10%
Ø Обезбедување на здрави услови за работење и престој во училиштето
Ø Функционално уреден двор според сите еколошки параметри на начин на кој максимално ќе користи за потребите на сите кои престојуваат во училиштето
Ø Одржување на уреден и чист простор
III. План на активности: АСУЦ „Боро Петрушевски“ - Скопје
План на активности на еко-училиште за:
|
1.Заштеда на енергија
|
Полиса:
|
Рационално користење на електричната и топлинската енергија
|
Цел на проектот:
|
Намалување на потрошувачката за 10%
|
Намери:
|
- Учениците и наставниците се стекнат со повисоко ниво на свесност за штедење на енергијата
- Финансиска заштеда
|
Активности
|
Време на реализација
|
1. Напрвена е замена на постојните прозорци и врати на зградата за изведување на практичната настaва
|
Јули 2011
|
2. Класните раководители дискутирале со учениците за рационално користење на електричната енергија во својата училница
-домаќинот ги исклучи сите електрични тела кои не мора да се користат кога има парно греење: греалки и клима уреди
-домакинот врши контрола и регулирање на користењето на електрчната и топлинската енергија
|
Септември-Јуни
|
3.Изработени се правилник и упатства за рационално користење на електрична и топлинска енергија
|
Декември 2011
|
План на активности на еко-училиште за:
|
2. Заштеда на вода
|
Полиса:
|
Рационално користење на водата
|
Цел на проектот:
|
Намалување на потрошувачката за 10%
|
Намери:
|
- Учениците и наставниците се стекнат со повисоко ниво на свесност за штедење на водата
- Финансиска заштеда
|
Активности
|
Време на реализација
|
1.Направена е анализа на постојната состојба на водоводната инсталација во училиштето и утврдено е дека нема потреба на замена на постојните, само да се извршат ситни поправки
|
Јануари-Март 2012
|
2. Повторна проверка на состојбата ќе се изврши на крајот на учебната година и воколку се јави потреба поправки и замена ќе се извршат во текот на летниот распуст
|
Јуни 2012
|
3. Изработени се упатства за рационално користење на водата
|
Март 2012
|
План на активности на еко-училиште за:
|
3. Одржување на зградата и здрава средина во училиштето
|
Полиса:
|
Здрава и чиста внатрешна средина
|
Цел на проектот:
|
Обезбедување на здрави услови за работење и престој во училиштето
|
Намери:
|
- Учениците и наставниците се чуствуваат пријатно ,здраво и сигурно во просторииите на училиштето
|
Активности
|
Време на реализација
|
1. Направена е акција со ученици и отстранети се непотребните предмети во училишната зграда (скршени клупи,саксии, табли и сл.)
|
Јануари и Март
|
2.Секој месец се врши чистење на училишните простории и инвентар со различни крпи и нетоксични средства
|
континуирано
|
3. На денот на Екологија направена е изложба на ликовни творби на тема екологија во училишните ходници истотака поставени се и различни паноа со литературни творби од учениците и сл.
|
Март
|
4.Поправени се постоечките клима уреди, а нови ќе се се набават по потреба
|
Тековно во годината
|
|
|
5.Променети се старите табли со нови – современи за пишување со фломастери
|
тековно во годината
|
|
|
6. Изработката на упатства за одржување на училишната зграда и здрава средина во училиштето
|
на крајот на учебната година
|
План на активности на еко-училиште за:
|
4. Уреден и еколошки двор
|
Полиса:
|
Уреден и функционален двор кој е во согласност со потребите за заштита на животната средина
|
Цел на проектот:
|
Функционално уреден двор според сите еколошки параметри на начин на кој максимално ќе користи за потребите на сите кои престојуваат во училиштето
|
Намери:
|
- Учениците и наставниците се чуствуваат пријатно, здраво и сигурно во просторииите на училиштето
|
Активности
|
Време на реализација
|
1. Направена е санација и бојадисување на оградата на училишниот двор
|
Јули-Август 2011
|
2. Извршено е поплочување на излезните патеки од училишниот двор кон улицата
|
Јули-Август 2011
|
3. Училишниот двор се чисти секој ден по два пати
|
континуирано
|
4.Поставувањето на прилаз за лица со посебни потреби ќе се направи за време на летниот распус
|
Јули-Август 2012
|
5.Постојано се врши уредување на тревниците ; цвекиња, зеленила и дрвја, додека акција со учениците се спроведе на 21 Март
|
континуирано
|
6. Изработени се упатства за одржување на училишниот двор.
|
Мај
|
План на активности на еко-училиште за:
|
5. Ѓубре
|
Полиса:
|
Уреден и чист училишен центар
|
Цел на проектот:
|
Одржување на уреден и чист простор
|
Намери:
|
- Учениците и наставниците се чуствуваат пријатно, здраво и чисто во просторот на училиштиот центар
|
Активности
|
Време на реализација
|
1.Набавката и поставувањето на канти за ѓубре на соодветни / вистински места ќе се направи во летниот период
|
Јули 2012
|
2.Набавкатa и поставување на канти за ѓубре за селекција на отпадот ќе се направи во летниот период
|
Јули 2012
|
3. Изработени се упатства за селекција на ѓубре
|
Мај - Јуни 2012
|
Во нашето училиште e формирана Еко патрола , која се состои од 4 ученици и еден наставник - сите членови на Еко одборот. Нивната задача е да го следат и проверуваат текот на одвивање на сите активности . За сите преоверки тие реферираат на состаноците на Еко одборот.
АСУЦ „Боро Петрушевски“ учествуваше на државниот натпревар „Млади репортери“ кои пишуваа за Екологијата. Ученикот Александар Велиновски од III5 освои втора награда во категоријата за новинарска статија. Потоа аплициравме и земавме учество на интернационалниот натпревар со истата статија само на англиски јазик во конкуренција со 22 земји од Европа.
Координатор
Емилија Трајковска
|