Почетна Category Blog РЕК „Битола“ Влијание врз животната средина Александар Велиновски I
РЕК „Битола“ Влијание врз животната средина Александар Велиновски I PDF Print E-mail
Written by Administrator   
10.18.2012

Постојат голем број анализи за влијанието на РЕК „Битола“ врз животната средина, кои докажуваат дека ги нарушува основните биолошки параметри во еколошкиот систем.

Енергијата е главен извор за основната човекова егзистенција и има главно место во економскиот и во социјалниот развој, како и за подобрување на квалитетот на живеење. Таа претставува основен извор на емисија на штетни материи. Најголем производител на електрична енергија во Република Македонија е РЕК „Битола“ и претставува столб на електроенергетскиот систем во нашата земја.

 

РЕК „Битола“ е објект од стратешко значење во електроенергетскиот систем во Република Македонија. Лоциран е во средина со развиени: полјоделство, лозарство, овоштарство, сточарство; како и во непосредна близина на националното природно богатство - Националниот парк „Пелистер“, кој изобилува со особени природни убавини и е од историско значење за шумите и за шумските предели. Спротивставени се енергетскиот систем и зачувувањето на животната средина.

Постојат голем број анализи за влијанието на РЕК „Битола“ врз животната средина, кои докажуваат дека ги нарушува основните биолошки параметри во еколошкиот систем. Од оџаците на Термоцентралата годишно се емигрираат: 67.000 тони SO2, 5.800 тони NOX, 4.200 тони честички и 5.700.000 тони CO2. Во споредба со законската регулатива, може да се заклучи дека емисијата на сулфур двооксид, која се движи во границите од 1600-3200 mg/m², многукратно ги надминува дозволените вредности според македонските и европските норми. Исто така, и честичките ги надминуваат дозволените граници, а тие се одликуваат со зголемена концентрација на радионуклиди и тешки метали.

Може ли нешто да се промени?

Ако при користење супстаниција на одреден процент од јагленот се додаде мазут, тоа ќе доведе до намалување на емисијата на SO2 доколку би се користел мазут со содржина на сулфур помала од 2,5%. Освен емисијата на SO2 би се намалиле и честичките, но затоа емисијата на NOX би се зголемила, но нема да ги минува дозволените граници. Користењето природен гас наместо мазут би довело до намалување на сите штетни влијанија. За заштита на животната средина можат да придонесат и граѓаните доколку енергијата ја користат разумно, односно штедат.

Енергијата треба да се штеди

Штедењето енергија и подобрувањето на енергетската ефикасност ќе доведат до подобрување на личниот и на општествениот живот и до поздрава околина.

Заштедата на енергија се зголемува преку:

- замена на енергетски неефикасните потрошувачи со ефикасни;

- изолација на просторот што се грее;

- вградување мерни регулатори од страна на дистрибутерите кои ќе поттикнуваат штедење.

Александар ВЕЛИНОВСКИ III-6

АСУЦ „Боро Петрушевски“, Скопје

Last Updated on 12.22.2014