ПРОЕКТ за размена на наставници (VETPRO) |
Written by Administrator |
02.20.2013 |
ПРОЕКТ за размена на наставници (VETPRO) - “Споредување на образовните програми, курикулуми и методи во наставата помеѓу стручните училишта од областа на електромашинската и сообраќајната струка” во рамките на Леонардо да Винчи, Проект за мобилност во рамките на Програмата доживотно учење
Во проектот се вклучени 10 наставници, а земји партнери во проектот се Средни стручни училишта од Шведска и Естонија. Во рамките на проектот е реализирана посета на Средно стручно училиште од Монлуке, во близина на Гетеборг-Шведска, во периодот од (11-18).11.2012 год., од страна на 5 наставници од нашето училиште – дипломирани машински и сообраќајни инжинери.
Согласно планот за реализација на овој проект планирана е посета на Средно стручно училиште во Виланди – Естонија во периодот од(21-28).04.2013 год.
За време на посетата во Шведска, беше реализирана презентација на нашата држава и нашето училиште, беше реализирана посета на часови по општо образовни предмети и практична настава, беа раменети искуства со предметните наставници за начинот на реализирање на наставниот час, беа посочени добри практики кои можат да се применат во нашиот образовен систем, а исто така беше дискутирано за начинот на организација на наставата, начинот на реализација на програмите и курикулумите за работа. Посетата и размената на искуства ќе придонесе за поголема ангажираност на нашите наставници во процесот на реформи на тригодишното образование, применувајќи ги сознанијата за нови профили и струки кои ќе бидат интересни за пазарот на трудот, поголемо вклучување во различни интерни проекти чија цел е поврзување на теоретската настава со практичната настава, запознавање со начинот на работа во виртуелна фирма – Сервис за лесни возила, подигнување на нивото на професионално усовршување како резултат на посета на сервисите Волво и Тојота, размена на стручна литература од областа на моторните возила и др.
Од посетата во училиштето...................
Од посетата на сервисите за возила VOLVO, TOYOTA….
Во наша чест се вееше Македонското знаме и бевме објавени на веб страната на училиштето.............
►Извадок од веб страната на училиштето во Монлуке, Шведска
Internationellt besök på Fordon
Utbyte. Lärarna från Makedonien var imponerade av Hulebäcks fordonsprogram. Under v. 46 hade Fordonsprogrammet besök av fem lärare från ASUC-Boro Petrusevksi, en fordonsutbildning i staden Skopje i Makedonien. De ville lära sig mer om vårt sätt att kombinera teori och praktik. Under sitt besök här fick de följa undervisningen och göra olika studiebesök. De var mycket imponerade av det svenska sättet att undervisa och av vår fina skola. Text och bild: Ulla-Karin Kruth Publicerad av Helén Rosenfeldt 12-11-19 08:47
|
Last Updated on 02.20.2013 |