Ballina Category Blog ПРОЕКТ за размена на ученици (IVT – Initial Vocational Training)
ПРОЕКТ за размена на ученици (IVT – Initial Vocational Training) pdf Shtyp Email
nga Administrator   
E mërkurë, 20 Shkurt 2013 10:56
Страната е во изработка

Проектот започна со својата реализација во јуни 2012, а треба да заврши во септември 2013 год.

 

Целта на проектот е усовршување на знаењата на учениците во областа на автомобилската мехатроника, стекнувајќи искуства од практичната работа во сервисите за возила во земјата партнер – Литванија. Стекнатите искуства учениците ќе можат да ги применат во работата, на меѓународниот натпревар Автомеханичар Јуниор на кој секоја година активно учествува нашето училиште, учество во други регионални, национални или други меѓународни проекти со стручни училишта од истата област.

Во рамките на проектот се реализираше посетата во Вилниус во периодот од (7-21).10.2012 год., од страна на 8 ученици и два наставника во улога на ментори. Во текот на првата недела од посетата, учениците присуствуваа и активно учествуваа на часовите по теоретска и практична настава во училиштето во Вилниус, а во текот на втората недела од посетата, учениците работеа во сервиси за возила.

Целите предвидени во рамките на посетата се успешно реализирани. Учениците имаа можност директно да се вклучат во работниот процес, да научат нови работи во нивната област, да ракуваат со многу посовремена опрема, да видат најсовремени новитети кај возилата од типот на BMW, FIAT, JEEP, Alfa Romeo и воедно да ги посетат нивните сервиси.

Од посетата на часовите по теорија и практична настава.....

Од работата во сервисите за возила....

Од дружењето, прошетките и поддршката на нашите спортски имиња во странство ......

Од доделувањето на сертификатите........

Përditësimi E mërkurë, 20 Shkurt 2013 11:23