Образование за возрасни |
10.28.2011 |
СПЕЦИЈАЛИСТИЧКО ОБРАЗОВАНИЕВо АСУЦ„Боро Петрушевски“ со висока професионалност можете да стекнете специјалистичко образование за:
Обуките ги реализираат професори со дологогодишно искуство во педагошката и стручната дејност. После полагањето на сите испити, кандидатите се стекнуваат со компетенции и уверенија за завршен повисок степен на образование-специјалистичко образование. ДОКВАЛИФИКАЦИИ И ПРЕКВАЛИФИКАЦИИ
Согласно Оперативниот план на Владата на Република Македонија за 2009 година потребно е да се реализира обука за одделни занимања и вештини кои се дефицитарнни на пазарот на труд. За таа цел е изработена оваа Наставна програма за Сервисер за мехатронички системи, според која понатаму ќе се спроведе обука на заинтересирани кандидати. 1. Назив на обукатаСервисер на мехатронички системи 2. СтрукаМашинска 3. Времетраење на обукатаВреметраење на обуката во часови 240 часа 4. Влез во обуката за кандидатитеОсновно ниво на образование Завршено основно образование и возраст од најмалку 18 години Пожелно ниво на образование Завршено средно образование 5. Организација, услови и реализација на обукатаНаставата ќе се изведува во специјализирани училници, опремени со модерна опрема за следење на наставата и специјализирани работилници опремени со соодветни машини, дијагностички апарати, уреди, персонални компјутери за успешно извршување на поставените задачи. Групата може да брои најмногу од 6-8 кандидати. Обуката се изведува во работни или неработни денови, согласно потребите и барањата на кандидатите. Сите кандидати задолжително треба да присуствуваат на најмалку 80% од предвидените часови со секоја модуларна единица. 6. Компетенции стекнати по завршување на обуката•разликува алат,опрема и инструменти 7. Уверение стекнато по завршување на обукатаПо завршување на обуката и успешно полагање на испитот кандидатот добива Уверение за стручно оспособување со кое се потврдуваат стекнатите компетенции. |