Меѓународен проект во рамките на “Еразмус +” програмата |
Written by Administrator |
04.05.2016 |
Меѓународен проект во рамките на “Еразмус +” програмата
“Интегриран курикулум со практичната настава” (Словенија, Австрија, Шпанија)
Нашето училиште учествува во партнерски проект под името “Интегриран курикулум со практичната настава”. Времетраењето на проектот е од 2014 до 2017 год. Партнери во проектот се училишта, ВЕТ центри и фирми од Австрија, Шпанија и Словенија. Главна цел на проектот е да се развие модел за подобра соработка помеѓу училиштата и социјалните партнери/сервиси за возила, за практична обука на учениците во областа на автомобилската мехатроника. Планирани активности се следниве: - анализа на слабостите на соработката на училиштата со социјалните партнери во различни земји, - подготовка на основна рамка за соработка, со цел да се зголеми времетраењето на практичната обука, - продолжување на избраните програми, - пилот-проект во нашето училиште во една или две учебни години за мала група на ученици, - следење на процесот на пилотирање, - изработката на финалниот модел на соработка меѓу училиштето и социјалниот партнер. Во рамките на проектот се планирани меѓународни средби во Грац, Велење, Љубљана, Елгоибар и Скопје, а инволвирани се: социјалниот партнер каде се реализира практичната обука, ученици и наставници од нашето училиште со планирани индивидуални активности меѓу кои се следниве: - реализирање на дополнителни часови со учениците врз база на иновации и најнови достигнувања во областа на струката, - проширување на наставната програма со најновите достигнувања во областа на автомобилската индустрија - соработка со менторите во сервисот за возила и следење на напредокот на учениците - анализа на резултатите и споредба на истите, со ученици кои не се учесници во проектот - реализирање на посети на други сервиси за возила, саеми и сл. - реализирање на презентации од областа на автомобилската индустрија - изработка на нов работен материјал - учество во дисиминациски активности - доставување на извештаи
Дел од работните активности преку фотографии:
|
Last Updated on 04.05.2016 |