Почетна Category Blog Училишна сообраќајна единица во АСУЦ “Боро Петрушевски” – Скопје
Училишна сообраќајна единица во АСУЦ “Боро Петрушевски” – Скопје PDF Print E-mail
Written by Administrator   
04.27.2017

Училишна сообраќајна единица во АСУЦ “Боро Петрушевски“ Скопје

 


Проектот за формирање на Училишни сообраќајни единици поддржан од СВР Скопје при МВР на РМ и Градот Скопје овозможува активно вклучување на учениците од АСУЦ „Боро Петрушевски“ - Скопје во сообраќајот.

 

Проектот за формирање на Училишни сообраќајни единици поддржан од СВР Скопје при МВР на РМ и Градот Скопје овозможува активно вклучување на учениците од АСУЦ „Боро Петрушевски“ - Скопје во сообраќајот. После предвидената теоретска и практична обука, учениците со помош на собраќајната полиција, ќе можат да им помагаат на пешаците, велосипедистите и останатите учесници во сообраќајот.

Со почетокот на второто полугодие во учебната година започна и обуката за учениците кои се членови во училишната сообраќајна единица, вкупно 20 ученици. Обуката се одвиваше од теоретски дел со 24 часа и практичен дел од 12 часа. Теоретскиот дел од обуката го изврши професор Николче Спасовски дипломиран сообраќаен инженер, додека практичниот дел овластени службени лица од СВР Скопје при МВР на РМ. Практичниот дел од обуката се изведуваше на автодромот во училиштето.

На 02.03.2017 година (четврток) членовите на училишната сообраќајна единица, заедно со раководителот на училишната сообраќајна единица професор Николче Спасовски дипломиран сообраќаен инженер, ги започнаа планираните активности на терен, кој ќе се изведуваат се до крајот на оваа учебна година до 31.05.2017 година, заедно со овластените службени лица од СВР Скопје при МВР на РМ.

На 02.03.2017 година (четврток) оваа училишна сообраќајна единица беше промовирана од страна на градоначалникот на Град Скопје г-динот Коце Трајановски, каде беа присутни многубројни телевизиски, печатени и електронски медиуми, кои ја следеа промоцијата наспроти Собранието на РМ, поточно во паркот Жена Борец. На промоцијата беа присутни многу гости, меѓу кои и Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата во Република Македонија од страна на претседателот Стојче Стаменковски и секретарот Ристо Манчев.

Раководител на уличишната

сообраќајна единица:

Николче Спасовски

Last Updated on 04.27.2017