Меѓународен проект во рамките на програмата "Еразмус + " |
Written by Administrator |
04.07.2015 |
Меѓународен проект во рамките на програмата “Еразмус + ”
Oд 2017 год. АСУЦ Боро Петрушевски, е корисник на “Повелбата за мобилност од областа на стручното образование и обука”. Во рамките на истата, се реализираше проектот “Искуствата од Европскиот образовен систем и социјалното партнерство, имплементирани во тековните реформи во стручното образование во земјата”. Оваа година, проектот подразбираше, вклучување на наставници и на ученици, во процесот на размена на искуства со партнерски училишта и сервиси за возила од Франција и Шпанија, во областа на автомобилската мехатроника. Во рамките на проектот, се реализираше пет дневна посета на партнерско училиште од Париз, Франција, од страна двајца наставници од АСУЦ Боро Петрушевски. За време на посетата беа споделени искуства во однос на соработката на училиштата од Франција со социјалните партнери, каде учениците ја реализираат практичната обука, организацијата на практичната настава во училиштата и сервисите, активностите кои се превземаат за професионален развој на наставниците, начин на вреднување на постигнатите резултати на учениците (оценување), водење на педагошка документација, имплементирање на нови методи во процесот на организација на часовите и други искуства, кои што ќе придонесат во процесот на имплементирање во тековните реформи на стручното образование во нашата земја. Исто така, во рамките на истиот проект, 10 ученици од III година, од машинска струка, селектирани врз база на соодветни критериуми, реализираа двонеделна практична обука во сервиси за возила во Севиља-Шпанија. За мобилноста во Шпанија, учениците максимално стручно се подготвуваа кај постојаниот партнер на АСУЦ Боро Петрушевски, тоа е Еуроимпекс ДОО., а освен стручна подготовка, имаше и јазична, педагошка и друга подготовка на учениците, со цел, целосна подготвеност и успешно реализирање на активностите предвидени во проектот. Во Севиља, секој ученик се обучуваше во посебен сервис, под надзор на ментор, кој го следеше напредокот на ученикот и го евидентираше во соодветна документација, од каде што можеше да се согледаат искуствата кои ученикот ги стекнал во текот на обуката, а со самото тоа и успешноста на проектот. Во текот на обуката, учениците стекнаа искуства од областа на професионалната пракса во рамките на автомобилската мехатроника, се запознаа со организација на работата во сервис за возила во странска земја, успешно се вклопија во тимската работа, беа потполно подготвени и способни веднаш директно да се вклучат во процесот на сервисирање и дијагностика на возилата и самостојно да ја водат работата, под надзор на ментор. Запознавањето со нова култура, усовршување на јазикот на земјата домаќин во областа на стручната терминологија, е исто така еден од бенефитите на овој проект. На крајот од обуката, учениците се здобија со соодветни сертификати од страна на партнерската институција од земјата – домаќин, како и Еуропас сертификати.
|
Last Updated on 05.22.2018 |