Осноени I и III место на натпревар по претпиемништво |
Written by Administrator |
10.03.2016 |
Осноени I и III место на натпревар по претпиемништво - Junior Achievement Macedonia На 23ти ноември 2018, во Скопје, се одржа Иновативен камп-натпревар на средношколци во оргaнизација на Џуниор Ачивмент Македонија, а со финансиска помош од USAID Macedonia.
На 23ти ноември 2018, во Скопје, се одржа Иновативен камп-натпревар на средношколци во оргaнизација на Џуниор Ачивмент Македонија, а со финансиска помош од USAID Macedonia. KICK-IT Скутерс! се победници на Иновативниот камп 2018, на Џуниор Ачивмент Македонија. Тимот на ученици креираше електричен скутер под слоганот: Ако има тркало, има начин! Преку трансформација на инвалидска количка во електричен тротинет, ќе им помогнат на лицата кои им е потребна во секојдневните активности на училиште, рекреативни центри и паркови, болници и рехабилитациони центри и институции, како и поголема пристапност до други активности во општеството. На овој натпревар во претприемнички вештини учествуваа 110 ученици од 22 средни училишта од Кочани, Куманово, Дебар, Гостивар, Гевгелија, Прилеп, Кавадарци, Велес, Берово, Струмица, Струга, Охрид и Скопје. Тие беа групирани во 22 тима по 5 ученица кои меѓусебно не се познаваа. По низата тимбилдинг активности, на учениците им беше дадена задача да смислат производ или услуга што ќе придонесе кон подобра удобност на купувачот со понуденото парче мебел. Во текот на денот учениците работеа на развивање на нивната бизнис идеја со помош на 22 бизнис ментори (на секој тим му беше назначен еден бизнис ментор) од: BAS - Biznis Akademija Smilevski Студио Софа, @Aгенција за подршка на претприемништво, ИТ компанија ГДИ, КОНЕКТ, TINEX, Универзитет Американ Колеч- Скопје, Image PR, Агенција Ханибиз и Универзитетот за туризам и менаџмент Скопје. Бизнис менторите ги насочуваа и охрабруваа учениците да ја развијат бизнис идејата според зададениот концепт и да подготват што поквалитетна презентација во PowerPoint во дадениот рок. По поздравните говори, 22 тима преку подготвените PowerPoint презентации ги претставија своите идеи и бизнис планови пред членовите на жирито. По сумираните оценки од зададените критериуми за избор, жирито одлучи да го додели првото место на тимот број 2 тимот на Сандра Јакимовска додека третото место му припадна на тимот на Анастасија Петровска. Првонаградената Сандра Јакимовска е добитник на ваучер од износ од 1500€ од Бизнис Академија Смилевски, додека трето наградената Анастасија Петровска е добитник на ваучер од 500€.
|
Last Updated on 11.30.2018 |