Меѓународен проект во рамките на програмата "Еразмус + " |
Written by Administrator |
04.25.2019 |
Меѓународен проект во рамките на програмата “Еразмус + ” „Поврзување на теоретската и практичната обука во областа на автомеханиката“
АСУЦ „Боро Петрушевски“ на Град Скопје, континуирано ја продолжува соработката со средните стручни училишта од странство, во рамките на проектите од Еразмус + програмата. Оваа година, во рамките на проектот „Поврзување на теоретската и практичната обука во областа на автомеханиката„, 12 ученици од III год., реализираа практична обука во Љубљана, во периодот од 17 до 31.3.2019 год. Практичната обука учениците ја реализираа делумно во училишните работилници во склоп на часовите по практична настава во училиштето, делумно во сервиси за возила. Партнер во проектот беше училиштето „Strokovni izobraževalni center Ljubljana“. Пред реализирање на мобилноста во странство, претходеше период на подготовка на учениците (јазична и стручна), со цел учениците да можат поуспешно да се вклучат во работниот процес и, воедно, да ги оправдаат целите на проектот. Учениците, во училиштето, директно учествуваа на часови по теоретска/практична настава по стручни предмети, која се реализираше во современо опремени кабинети, каде им се овозможи да ја согледаат поврзаноста на теоријата со практиката и начинот на реализација на истата. Во сервисите за возила, учениците, реализираа комплетен сервис на најсовремени возила, користеа современ алат, го увидоа начинот на организација на работниот процес и сл. Постигнувањата и стекнатите знаења на учениците, беа евидентирани од страна на менторите и потврдени со соодветни сертификати. Во проектот, учествуваа и 4 наставници, кои ги придружуваа учениците и, воедно, ги посетија часовите по теоретска и практична настава во училиштето, а, исто така, и сервисите за возила каде учениците ја реализираа практичната обука. Наставниците разменија искуства во однос на наставните планови и програми, поврзаноста на теоретската со практичната обука, начинот на организација на практичната настава во училиштето и во сервисите за возила и, воедно, разменија стручна литература и друга документација со цел поуспешно евидентирање на постигнатите резултати на учениците во текот на годината. Освен од стручен аспект, бенефитите од проектот се големи и во однос на можноста учениците да запознаат нова култура, да посетат дел од културните знаменитости на Словенија, дружење со учениците од партнерското училиште и сл. Реализација и на овој проект, како и сите претходни од програмата Еразмус+, придонесува за зголемена професионалност на учесниците во проектот, што придонесува сервисите за возила да се здобијат со висококвалификувана работна сила.
|
Last Updated on 05.02.2019 |