АСУЦ “Боро Петрушевски”, партнер во Еразмус + проектот “GREENOVET” |
Written by Administrator |
04.01.2020 |
АСУЦ “Боро Петрушевски”, партнер во Еразмус + проектот “GREENOVET”
Почна со реализација четиригодишниот проект „GREENOVET – Европска платформа за извонредност во стручното образование и обука за зелени иновации“, финансиран од програмата „Еразмус +“. Вклучени се 18 партнери од четири земји, Австрија, Португалија, Финска и Северна Македонија. Македонски партнери во проектот се Машинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Сојузот на стопански комори на Македонија, АД „Раде Кончар“ – ТЕП, ДООЕЛ Скопје, АСУЦ „Боро Петрушевски“ – Скопје и Националниот центар за развој на иновации и претприемачко учење (НЦРИПУ) – Скопје.
Проектот „GREENOVET“ ќе резултира со формирање на центри за извонредност за стручно образование и обука во областа на зелените иновации во земјите учеснички во проектот, овозможувајќи развој на иновативна, инклузивна и одржлива економија.
|
Last Updated on 02.09.2021 |