О Г Л А С за запишување на ученици во прв уписен рок во I (прва) година во учебната 2021/2022 година |
Written by Administrator |
04.01.2020 |
О Г Л А С за запишување на ученици во прв уписен рок во I (прва) година во учебната 2021/2022 година
Врз основа на Конкурсот за запишување на ученици во јавните средни училишта за учебната 2021/2022 година објавен од страна на МОН, член 4 од Законот за изменување на законот за средното образование ( Сл. Весник на РМ 67/2017) како и Одлуката за интерен оглас за запишување на ученици во прв уписен рок во I година во учебната 2021/2022, Училишната комисија при Автосообраќајниот училишен центар „Боро Петрушевски “ на Град Скопје, на ден 06.04.2021 година донесе О Г Л А С за запишување на ученици во прв уписен рок во I (прва) година во учебната 2021/2022 година
Во учебната 2021/2022 година во 1-ва година ќе се запишат вкупно 381 ученици во 12 паралелки според наставни планови и програми за : Сообраќајна струка · Техничар за патен сообраќај ......................................................................... 55 минимум поени - на македонски наставен јазик: 34 ученика во 1 паралелка со 4 години траење, - на албански наставен јазик 34 ученика во 1 паралелка со 4 години траење, · Техничар за транспорт и шпедиција .......................................................... 60 минимум поени - на македонски наставен јазик: 34 ученика во 1 паралелка со 4 години траење, - на албански наставен јазик: 34 ученика во 1 паралелка со 4 години траење, Машинска струка · Машински техничар за моторни возила ....................................................... 45 минимум поени - на македонски наставен јазик: 68 ученика во 2 паралелка со 4 години траење, - на албанскинаставен јазик: 68 ученика во 2 паралелка со 4 години траење, · Автомеханичар .................................................................................................. 30 минимум поени - на македонски наставен јазик: 34 ученика во 1 паралелка со 3 години траење, · Каросериски механичар ...................................................................................... 30 минимум поени - на македонски наставен јазик: 25 ученика во 1 паралелка со 3 години траење. · Монтер на мотори и моторни возила................................................................. 30 минимум поени - на македонски наставен јазик: 25 ученика во 1 паралелка со 3 години траење, Електротехничка струка · Автоелектроничар ............................................................................................. 30 минимум поени - на албански наставен јазик 25 ученика во 1 паралелка со 3 години траење.
УСЛОВИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ НА УЧЕНИЦИТЕ
Услови за запишување се: - да имаат завршено основно образование; - да не се постари од 17 години; - да се определиле за план и програма за еден од профилите утврдени со овој ОГЛАС; - да ги исполнуваат критериумите утврдени со овој ОГЛАС.
Потребни документи за запишување: - пријава за запишување – (пријавата за запишување ученикот ја подигнува од училиштето во кое ученикот сака да се запише и истата е бесплатна) - оригинални свидителства од VI до IX одделение; - дипломи (доколку имаат) од освоени (I, II и III) места од меѓународни и државни натпревари од мајчин јазик, странски јазик, природни науки, математика, хемија, физика, биологија и географија и наставни предмети што се од значење за структурата односно изборното подрачје, - извод од матична книга на родените (без оглед на датум на издавањето), - изјава дека ученикот го прифаќа Куќниот Ред на Училиштето; - учениците државјани на Р.С. Македонија кои го завршиле основното образование во странство треба да достават нострифицирани документи; - учениците кои се во постапка за стекнување на државјанство на Р. С. Македонија поднесуваат со документите и потврда од Министерството за внатрешни работи.
НАПОМЕНА: Потребните документи за Упис да не се праќаат по пошта. Запишувањето да се врши лично од ученикот т.е. родителот или старателот.
КОНКУРСЕН РОК
Прв уписен рок – ЈУНИ - Пријавување ..................................................................................... 14 (од 12 до 19 часот),15 и 16 (од 07 до 19 часот),и на 17.06.2021 год. (од 07 до 15 часот), - Објавување на резултати ................................................................ 17.06.2020 год. (во период од 16 до 19 часот),
НАПОМЕНА: - Учениците кои што не се примени можат да ги подигнат документите лично, во рок од 48 часа, - Учениците кои се упатени на поправни испити, испит на година, испити за побрзо напредување, може да се запишат во училиштата во кои има слободни места после јунскиот рок, на 23 август 2021 година за што доставуваат доказна документација.
КРИТЕРИУМ ЗА ИЗБОР НА УЧЕНИЦИ
- Среден успех на ученикот од VI до IX одделение; (општиот успех од VI, VII, VIII и IX одделение се собира, се дели на четири и истиот број се множи со коефициент 10) – најмногу 50 поени
- Среден успех на ученикот постигнат по четири предмети (мајчин јазик, странски јазик и два предмети што се од значење за струката – ученикот може да добие максимум 20 поени – 5 поени за секој предмет) - (за машинска, сообраќајна и автотехничка струка – математика и физика)
- Дипломи за освоени (I, II и III) места од меѓународни натпревари, како и државни натпревари (организирани од акредитирани здруженија од МОН) по мајчин јазик, странски јазик, природни науки, математика, хемија, физика, биологија и географија и наставни предмети што се од значење за структурата односно изборното подрачје најмногу 5 поени (3 поени за I место, 2 поени за II место и 1 поен за III место).
- Средна вредност од поени добиени за поведение, ученикот може да добие најмногу 5 поени. (примерно поведение се вреднува со 5 поени, добро со 3 поени и незадоволително со 0 поени. Средната вредност е збир од поените за поведението од VI, VII, VIII и IX одделение поделени со 4).
Доколку ученикот има повеќе награди се вреднува највисоката награда.
Учениците по сите критериуми утврдени со овој оглас може да добијат најмногу 80 поени.
Скопје, Училишна комисија при АСУЦ „Боро Петрушевски“ на Град Скопје __________________________
АСУЦ „Боро Петрушевски“ на Град Скопје бул. Александар Македонски бр. 26 This e-mail address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it
тел. 02-3115-819 |
Last Updated on 04.19.2021 |