Ballina Category Blog АСУЦ-со-нов-центар-за-Виртуелна-реалност
АСУЦ-со-нов-центар-за-Виртуелна-реалност pdf Shtyp Email
nga Administrator   
E enjte, 17 Qershor 2021 00:00
Страната е во изработка


АСУЦ со нов центар за Виртуелна реалност

Промените кои се случуваат благодарение на брзиот развој на технологијата и новите методи на работа, наметнуваат не само ново темпо туку и нов начин на работа во сите области на делување на човекот. Потребата да се биде во чекор со новото време, не поттикнуваат да чекориме забрзано кон промените во образованието.

Виртуелната реалност е резултат на човековата потреба светот да се доживее низ уметност со помош на еден имагинарен свет. Виртуелната реалност е тридимензионална компјутерски генерирана симулација во реално време формирана од страна на корисникот.

АСУЦ е модерен Центар кој ги препознава потребите на новите генерации и се обидува да ги интегрира во образовниот систем.

Тала, во рамките на проектот „ Методи , алатки и ресуреси за поефикасна ИКТ настава во стручното образование“ поддржан од Еразмус + програма, во АСУЦ „  Боро Петрушевски“ се работи на опремување на  центар за Виртуелна реалност. Во рамките на овој центар е инсталирана опрема за виртуелна реалност којa ќе се користи од страна на наставниците и учениците за полесно и поинтересно предавање на материјалот по стручните предмети. Центарот за Виртуелна реалност ќе овозможи Виртуелната реалност(VR) и Проширената реалност(AR) за првпат во нашата држава да станат дел од наставата во стручното образование.

Вакви виртуелни центри ќе се формираат и во партнер училиштата на Motiv-e проектот :

Во Рига, https://www.rtrit.lv/en/projekti/erasmus/izglitiba-nakamajai-paaudzei-nr-2019-1-lv01-ka101-060277/,

Во Велење, https://www.scv.si/en/

Како и во Инстирутот Комаг-Гливице, проект координатор на Мотив-е проектот,http://komag.eu/nauka/projekty-miedzynarodowe

 

Оние кои имаат можност да се стекнуваат со вештини за најновата технологија се во подобра позиција да ја добијат и да ја искористат технологијата, отколку оние кои ја немаат таа можност. Со новата технологија неминовно се зголемува иновативноста и креативноста.(Џонсон Л.Адамс С. и Хејвуд К. 2011)

 

 

 

 

 

 

 

 

Përditësimi E enjte, 16 Shtator 2021 12:06