Почетна Category Blog
Example of Category Blog layout (FAQs/General category)
Помошник директор PDF Print E-mail
Written by Administrator   
02.20.2023

Д-р Зекирија Зекири, е назначен за Помошен директор за настава во АСУЦ Боро Петрушевски на Град Скопје на 01 септември 2006 година.

Зекирија Зекири е роден на 13 март 1977 година во Скопје, каде го завршил основното и средното образование.Дипломиран машински инженер на Универзитет Св Кирил и Методиј во Скопје-Машински факултет Скопје

Завршил втро циклус студии на Универзитет Св Кирил и Методиј во Скопје-Машински факултет Скопје каде што се стекнува со академски назив магистер по технички науки од областа на индустриското инженерство и менаџмент.

На Универзитетот Св Климент Охридски Битола го одбранил својот докторски труд Научен пристап и напредни техники за развој на оптимални компоненти кај спојки за моторни возила и се стекнува со назив Доктор на науки од областа на индустрискиот менаџмент.

Зекирија Зекири , својата професионална кариера и образование низ годините ги градеше во АСУЦ Боро Петрушевски на Град Скопје почнувајќи како наставник по машинска група на предмети. На 01 септември 2006 година  е назначен за Помошен директор за настава во АСУЦ Боро Петрушевски на Град Скопје и сеуште ја врши својата функција.

Во текот на својата професионална кариера е учесник на голем број работилници и симпозиуми во нашата држава и надвор од неа.

Течно зборува англиски, македонски и албански јазик.

 
Директор PDF Print E-mail
Written by Administrator   
02.20.2023

М-р Горанчо Николовски, е именуван за директор во АСУЦ Боро Петрушевски на Град Скопје на 12 декември 2019 година.

М-р , Горанчо Николовски е роден на 20 јуни 1972 година во Скопје, каде го завршил основното и средното образование. Своето средно образование го има завршено во АСУЦ Боро Петрушевски на Град Скопје.

Има завршено втор циклус студии на Универзитет Св Кирил и Методиј во Скопје-Машински факултет Скопје каде што се стекнува со академски назив магистер по технички науки од областа на безбедност при работа.

М-р Горанчо Николовски, својата професионална кариера и образование низ годините ги градеше во АСУЦ Боро Петрушевски на Град Скопје почнувајќи како наставник по практична настава. Своите менаџерски вештини ги докажа за време на успешното раководење како координатор во Станицата за технички преглед во АСУЦ Боро Петрушевски на Град Скопје.     Во 2018 година се распоредува за вршење на работни задачи како Помошен директопр за истражување, обука и развој се до неговиот избор за директор.

Во текот на својата професионална кариера е учесник на голем број работилници и симпозиуми како во нашата држава така и надвор од неа.

Течно зборува англиски и македонски јазик.

Last Updated on 02.20.2023
 
Информации од јавен карактер PDF Print E-mail
Written by Administrator   
01.30.2023

Информации од јавен карактер

 

Last Updated on 02.20.2023
Повеќе
 
Реализиран проект за мобилност на ученици и наставници во рамките на Еразмус + програмата PDF Print E-mail
Written by Administrator   
09.13.2021

Реализиран проект за мобилност на ученици и наставници во рамките на Еразмус + програмата

”Мехатрониката како основа за унапредување на перформансите и квалитетот на модерните моторни возила“

 

Last Updated on 06.30.2022
Повеќе
 
«StartPrev12345678910NextEnd»

Page 1 of 10