Информации од јавен карактер |
nga Administrator |
E hanë, 30 Janar 2023 00:00 |
Страната е во изработка
Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер овозможува пристап до информации од јавен карактер што ги создало или со кои располага АСУЦ Боро Петрушевски на Град Скопје. Барателот пристапот до информацијата може да го бара усно, писмено или во електронски запис, при што барањето поднесено во електронска форма се смета за писмено поднесено барање. Писменото Барање може да се поднесе до АСУЦ Боро Петрушевски на Град Скопје во архивата; преку пошта на адреса на АСУЦ Боро Петрушевски на Град Скопје (Бул.Александар Македонски бр.26, Скопје), како и да се поднесе во електронска форма (преку е-маил: Ky email po mbrohet prej spambots-ave, të duhet JavaScript me e pa ). Барањето за пристап до информација од јавен карактер може да се поднесе на утврдениот Образец на Барање (даден подолу) или на обичен лист хартија, но на истото барателот е должен да наведе дека станува збор за Барање по основ на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. Барателот не е должен да го образложи барањето. Во случај кога барањето е поднесено од страна на овластен полномошник, кон барањето треба да биде приложено уредно полномошно. Кога барателот бара пристап до информација со усно барање, службеното лице составува записник за тоа.
Подносителот на барањето може да се информира за сите прашања од интерес поврзани со остварување на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер, кај службеното лице Jана Ивановски, контакт телефон: +389(0)23115819 и е-маил: Ky email po mbrohet prej spambots-ave, të duhet JavaScript me e pa
22 ВИДОВИ НА ДОКУМЕНТИ И ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР Имателот на информации е должен да ја информира јавноста преку својата интернет страница со објавување на:
|
Përditësimi E hanë, 11 Mars 2024 10:47 |