ЕРАЗМУС ДЕНОВИ ВО АСУЦ „БОРО ПЕТРУШЕВСКИ“
Во рамките на настанот Еразмус Денови од 12-17 октомври, во АСУЦ „Боро Петрушевски“ на Град Скопје, на 14 октомври се одржаа повеќе активности. Најпрво беше организирана еколошка акција во околината на училиштето во која зедоа учество повеќе од 300 ученици. На овој Еразмус настан, учениците засадија дрво во училишниот двор, кое ќе ги потсетува следните генерации за можностите што ги нуди Европската Унија преку проектите Еразмус +.
Овој ден беше посветен на културно-историското минато и природните убавини на Република Хрватска која е дел од Европската Унија. Оваа година, во градот Задар, беше реализирана мобилност на ученици и наставници, на преубавиот јадрански брег.
Еразмус денови, секоја година се обележуваат во нашето училиште и ја подигнуваат позитивната енергија кај учениците и наставниците. Денес го разубавивме и нашето Еразмус+ катче со нови фотографии од скорешната мобилност, рачно изработени постери и новото знаме на проектот.
Почитувани ученици на АСУЦ „Боро Петрушевски“ на Град Скопје!
„Прирачникот за заштита на животната средина и зачувување на Охридското Езеро“ претставува значаен образовен инструмент за младите генерации. Тој нуди јасни насоки, практични препораки и научно засновани сознанија за тоа како секој од нас може да придонесе кон зачувување на екосистемите и одржливиот развој.
Охридското Езеро, како едно од најстарите и највредни природни богатства, бара посебна грижа и одговорност. Прирачникот им помага на учениците и идните генерации да ја разберат неговата уникатност, ранливост и потребата за постојана заштита. Тој претставува вложување во нивната еколошка свест и во иднината на нашата животна средина.Голема благодарност до авторот, сите соработници и проектот ProBleu!
Erasmus+ Programme, KA1 “Learning mobility of individuals", sector "Vocational Education" of EU, project code: 2024-1-МK01-KA121-VET-000225808


