АВТОСООБРАЌАЕН УЧИЛИШТЕН ЦЕНТАР „БОРО ПЕТРУШЕВСКИ“ НА ГРАД СКОПЈЕ
Во прва година ќе се запишат 440 ученик во 14 паралелки (245 ученици во 8 паралелки со настава на македонски јазик и 186 ученик во 6 паралелки со настава на албански јазик) според наставни планови и програми за:
Сектор Сообраќај, транспорт и складирање - 161 ученици, 5 паралелки
- техничар за патен сообраќај мак 34 уч. 1 пар. 4 г.тр. 55 поени минимум
- техничар за патен сообраќај алб 34 уч. 1 пар. 4 г.тр. 55 поени минимум
- техничар за транспорт и шпедиција мак 34 уч. 1 пар. 4 г.тр. 60 поени минимум
- техничар за транспорт и шпедиција алб 34 уч. 1 пар. 4 г.тр. 60 поени минимум
- возач на моторно возило *во соработка со компании мак 25 уч. 1 пар. 3 г.тр. 30 поени минимум
Сектор Машинство - 245 ученици, 8 паралелки
- машински техничар за моторни возила мак 34 уч. 1 пар. 4 г.тр. 45 поени минимум
- машински техничар за моторни возила алб 34 уч. 1 пар. 4 г.тр. 45 поени минимум
- техничар за возила на алтернативен погон *во соработка со компании мак 25 уч. 1 пар. 4 г.тр. 45 поени минимум
- техничар за возила на алтернативен погон *во соработка со компании алб 25 уч. 1 пар. 4 г.тр. 45 поени минимум
- автомеханичар мак 34 уч. 1 пар. 3 г.тр. 30 поени минимум
- автомеханичар алб 34 уч. 1 пар. 3 г.тр. 30 поени минимум
- каросериски механичар алб 34 уч. 1 пар. 3 г.тр. 30 поени минимум
- монтер на мотори и моторни возила *во соработка со компании мак 25 уч. 1 пар. 3 г.тр. 30 поени минимум
Сектор Електротехника и информатички технологии - 34 ученици, 1 паралелка
- автоелектроничар мак 34 уч. 1 пар. 3 г.тр. 30 поени минимум
ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ
По успешното електронско пријавување, учениците во избраното јавно средно училиште ја доставуваат следната документација:
- пријава за запишување (пријавата учениците можат да ја генерираат со печатење на електронската пријава преку системот за е-услуги);
- оригинални свидетелства од VI до IX одделение;
- дипломи, (доколку имаат) од освоени (I, II и III) места од меѓународни и државни натпревари од мајчин јазик, странски јазик, природни науки, математика, хемија, физика, биологија и географија и наставни предмети што се од значење за секторот, насоката, односно изборното подрачје;
- извод од матичната книга на родените (без оглед на датумот на издавањето).
КОНКУРСНИ РОКОВИ
Пријавувањето на учениците ќе се врши преку електронско аплицирање, преку линк до системот за електронски услуги на Министерството за образование и наука https://e-uslugi.mon.gov.mk со посебна најава за средношколци преку сопствените кориснички сметки на schools.mk.
ЈУНСКИ УПИСЕН РОК:
Првото електронско пријавување на учениците ќе се врши од 00:00 часот на 12 јуни до 23:59 часот на 15 јуни 2026 година.
- Доставувањето на потребната документација до училиштата е на 16 јуни 2026 година од 08.00 часот до 19.00 часот и 17 јуни 2026 година од 08.00 часот до 15.00 часот.
- Конечната ранг листа со резултатите од запишувањето и слободните места, секое училиште ја објавува на 18 јуни 2026 година, најдоцна до 12.00 часот, на јавно место во училиштето и/или на училишната интернет страница.
Второто електронско пријавување на учениците ќе се врши на 23 јуни 2026 година од 00:00 часот до 23:59 часот.
- Доставувањето на потребната документација до училиштата е на 24 јуни 2026 година од 08.00 до 15.00 часот.
- Конечната ранг листа со резултатите од запишувањето и слободните места, секое училиште ја објавува на 25 јуни 2025 година, најдоцна до 12.00 часот, на јавно место во училиштето и/или на училишната интернет страница.
АВГУСТОВСКИ УПИСЕН РОК
-Учениците кои се упатени на поправни испити, испит на година, испити за побрзо напредување, можеда се
запишат во училиштата во кои има слободни места и ги исполнуваат условите пропишани во Конкурсот,
после јунскиот уписен рок со две пријавувања.
-Пријавување на учениците ќе се врши на 20 август 2026 година од 00.00 часот до 15.00 часот електронски
-Доставувањето на потребената документација до училиштата е на 21 август 2026 година од 08.00 часот до
14.00 часот.
- Конечната ранг листа со резултатите од запишувањето, секое училиште ја објавува на истиот ден најдоцна до
19.00часот.







