Почетна
АСУЦ
РЕК „Битола“ Влијание врз животната средина Александар Велиновски I PDF Print E-mail
10.18.2012

Постојат голем број анализи за влијанието на РЕК „Битола“ врз животната средина, кои докажуваат дека ги нарушува основните биолошки параметри во еколошкиот систем.

Енергијата е главен извор за основната човекова егзистенција и има главно место во економскиот и во социјалниот развој, како и за подобрување на квалитетот на живеење. Таа претставува основен извор на емисија на штетни материи. Најголем производител на електрична енергија во Република Македонија е РЕК „Битола“ и претставува столб на електроенергетскиот систем во нашата земја.

Повеќе...
 
Реализирање на активностите од ЕКО програмата за 2011-2012 PDF Print E-mail
10.18.2012

Проектот на МОН „Интеграција на еколошката едукација во образованието“ во АСУЦ „Боро Петрушевски“ започна да се реализира во учебната 2011/2012 година. Како дел од овој проект започнавме да планираме и реализираме активности од Екологијата со крајна цел да конкурираме за добивање на зелено знаме во Септември 2012. Активностите ги креиравме според станадрдите за Еко училиште доделени од невладината организација ОХО и МОН. Нашето училиште и пред да биде дел од овој проект од областа на Екологијата спроведуваше различни активности со учениците.

Повеќе...
 
Техничка служба PDF Print E-mail
10.28.2011

Tехничка служба е правно лице овластено од министерот за економија на предлог на органот за одобрување согласно одредбите на Законот за возила и прописите донесени врз основа на Законот за возила, со својство на испитна лабораторија за спроведување на испитувањата, или со својство на тело за оцена на сообразност за почетни проценки и испитувања и/или за инспекција.

Техничките служби покрај другите работи вршат или контролираат испитувања и/или инспекции потребни за единечно одобрување на возило за кое типот не е одобрен во согласност со хармонизираните прописи за ЕУ одобрување на тип, ниту постои одобрение на типот во Република Македонија, а за кое се исполнети барањата согласно одредбите на Законот за возила и прописите донесени врз негова основа.

Техничката  служба на АСУЦ Боро Петрушевски е овластена за :

  • Единечно одобрување на возило од категориите L, M, N, О, T, R, S и C ,
  • Oдобрување на преправено возило во кое дополнително е вграден: - уред за погон на возилото на течен нафтен гас и компримиран земјен гас (ТНГ и КЗГ),
  • Заштитни фолии или обоени стакла; - механички уред за спојување на моторните и приклучните возила (кука),
  • Инспекција аналогни и дигитални тахографи ,
  • Идентификација и оценка на техничка состојба на возило од категориите L, M, N, О, T, R,S и C и на мобилни машини.

 

 
«StartPrev12345678NextEnd»

Page 8 of 8